fbpx

Опозицијата повторно употреби солзавец во Собранието на Косово

-

Косовската опозиција повторно употреби солзавец во Собранието на Косово и така и денеска ја оневозможи редовната седница.

Во моментот на почетокот на седницата на Собранието, пратениците на опозицијата излегле пред говорницата и потоа го активирале солзавецот. Претседателот на Собранието, Кадри Весељи, го оцени овој чин како срамен и најави пауза.

Инцидентот се случи иако собраниското обезбедување го контролираше влегувањето на сите пратеници.

По излегувањето од салата, пратеник на опозициската Самоопределување рече дека е невозможно нормалното функционирање на собранието сè додека владата не го повлече потпишувањето на спогодбата со Србија и со Црна Гора.

Станува збор за спогодбата со заедницата на општини со мнозинство Срби, за кои опозицијата смета дека се создавање на српска паралелна држава на Косово и за спогодбата за демаркација со Црна Гора. Опозицијата тврди дека со овој договор, одземен е добар дел од земјата на Косово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...