На изборот на претседател на Косово, опозицијата фрли солзавец во Собранието

Седницата на косовскиот парламент на која се избираше претседател на Косово, бргу беше прекината бидејќи опозицијата активира солзавец.

Истовремено, пред зградата на владата и пред собранието на Косово, повеќе од десетина припадници на косовската полиција формирале кордон, настојувајќи да го спречат судирот на демонстрантите со поддржувачите на лидерот на Демократската партија на Косово на Хашим Тачи, еден од кандидатите за претседател на Косово.