fbpx

Дачиќ: Србија нема да го поддржи членството на Косово во ОН

-

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека официјален Белград нема да го поддржи членството на Косово во меѓународните организации, вклучувајќи ги и ОН, зашто тоа би значело легализација на еднострано прогласената независност на Косово.

Реагирајќи на изјавата на амбасадорот на САД, Мајкл Кирби, дека САД сметаат дека целосното нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина подразбира и членство во ОН, Дачиќ во писмена изјава рече дека Србија и САД имаат различно видување на еднострано прогласената независност на Косово, а тоа можело да се види и за време на разгледувањето на барањето за членство на Косово во УНЕСКО.

„Како што и самиот амбасадор вели, по тоа прашање постојат разлики во ставовите меѓу САД и ЕУ, каде пет држави не го признаа едностраното прогласување на независноста на Косово. Србија нема да ја менува својата принципиелна политика, но ќе биде целосно посветена на дијалогот, кој претставува единствен начин за решавање на сите отворени прашања“, наведе Дачиќ.

Амбасадорот Кирби рече дека САД не бараат Србија да го признае Косово, туку да се нормализираат односите меѓу Белград и Приштина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...