fbpx

Косово привремено ја суспендира спогодбата за ЗСО

-

Уставниот суд на Косово одлучи привремено да го суспендира Бриселскиот договор со Србија, постигнат во август годинава за Заедница/асоцијација на српски општини (ЗСО). Одлуката на судот е донесена едногласно, а формирањето на ЗСО е суспендирано до конечната одлука на судот, која се очекува во јануари следната година.

Косовската претседателка, Атифете Јахјага, на крајот на октомври побара од Уставниот суд да ја оцени уставноста на спогодбата за формирање заедница или асоцијација на српски општини.

Јахјага рече дека по разговорите со премиерот и со неговиот заменик, како и со лидерите на опозицијата, одлучила да се обрати до Уставниот суд и да побара оценка за тоа колку принципите од спогодбата за ЗСО се во согласност со уставот на Косово.

Опозициските партии, Самоопределување, Алијанса за иднината на Косово и Иницијатива за Косово, веќе извесно време на различни начини ја блокираат работата на Собранието, бидејќи сметаат дека спогодбата за заедниците и демаркацијата на границата со Црна Гора се спротивни на уставот на Косово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...