Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јонахес Хан, денеска во Приштина изјави дека до крајот на годинава би можело да биде донесена препорака за либерализација на визниот режим за граѓаните на Косово, бидејќи се постигнати бараните стандарди.
Хан, на прес-конференцијата со претседателот на владата на Косово, Иса Мустафа, рече дека Косово ги исполнило критериумите за визна либерализација, но дека треба да се продолжи со ангажманот, со остварување на другите зададени цели, како што е непречена работа на институциите на Косово.
Комесарот подоцна треба да разговара и со претставниците на Србите во Канцеларијата на ЕУ во Приштина.