fbpx

Демократскиот сојуз бара одговорност од актерите на политичката криза

-

Кризата трае предолго и нејзините генератори мора да се повлечат и да отворат можност за доследно спроведување на принципот на одговорност на сите нивоа, велат од Демократскиот сојуз по синоќа постигнатиот договор меѓу четирите најголеми политички партии околу отворените прашања од Договорот од Пржино.

„Македонија не смее и понатаму да биде во заложништво на личните интереси и на интересите на четирите партии, кои државата ја вовлекоа во длабока криза, предизвикаа поделби меѓу граѓаните, неизвесност и несигурност за иднината и за перспективите на државата, како и блокада на евро-интеграциските процеси“, стои во соопштението на Демократскиот сојуз.

Од партијата на Павле Трајанов велат дека од преодната влада очекуваат да биде во функција на смирување на политичката криза и на создавање услови за рамноправен политички натпревар.

„Демократскиот сојуз смета дека врвен приоритет на преодната влада треба да биде стабилноста на државата, градење консензус и единство за националните и за државните интереси, одржлив економски развој, владеење на правото и нормално функционирање на сите институции, како и целосна департизација и деполитизација на државните институции“, велат од партијата

Оттаму ги повикуваат и очекуваат од Министерството за внатрешни работи и Специјалниот јавен обвинител, неселективно и непристрасно да работат на расчистувањето на аферата „Пуч“ и на сознанијата што произлегуваат од содржината на прислушуваните разговори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(АНАЛИЗА) Јавен сектор: вработени по етнички клуч и според образование

Во четири министерства застапеноста на етничките Македонци изнесува 70 отсто од вкупниот број на вработени. Во седум ресори застапеноста на етничките Албанци е над 30 проценти, пишува Порталб.мк. Во...