Повеќе од 120 косовски државјани што војувале за ИД се вратиле на Косово

Повеќе од 120 косовски државјани, кои војувале на страната на Исламска држава, се вратиле на Косово, јави агенцијата „Танјуг“.

Полицијата, разузнавачките и други служби за безбедност внимателно ги следат луѓето, кои во различни периоди биле во Сирија или Ирак, а потоа се вратиле во земјата.

Мерките за безбедност во Косово беа подигнати на повисоко ниво по нападите во Париз, во кои беа убиени 130 лица.