fbpx
Таг: корона криза

таг: корона криза

Угостители, туристички работници и транспортери бараат продолжување на помошта

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска и владин економски тим се сретнаа со претставници од угостителската и туристичката дејност и лица од компании кои се занимаваат со превоз на патници, информираат од Владата. „На работната средба беше истакнато дека овие неколку сектори трпат најголеми штети од пандемијата предизвикана од коронавирусот Ковид-19, но со навремено креирање на мерки и протоколи од...

Еврообврзницата ги наполни македонските девизни резерви

На крајот на јуни 2020 година, македонските девизни резерви изнесуваат 3,6 милијарди евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 560,7 милиони евра, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Оттаму за „Мета.мк“ објаснуваат дека зголемувањето на девизните резерви во текот на јуни, во најголем дел произлегува од средствата обезбедени од државата на меѓународните финансиски пазари во почетокот на месецот...

ЕК: Северна Македонија претпоследна во регионот по растот на БДП во првиот квартал

Со пораст на бруто домашниот производ од 0,2 отсто во првите три месеци од годинава, нашата земја се најде на претпоследното место меѓу земјите од Западен Балкан, покажува најновиот извештај на Европската комисија за економските текови кај земјите кандидати и потенцијални кандидати за членство во Европската Унија. Прва на листата е Србија со пораст на БДП од 5 отсто во...

ЕБОР со 20 милиони евра ќе ги поддржи локалните бизниси во земјава погодени од ковид-19

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) обезбеди кредитна линија во износ од 20 милиони евра за кредитирање на локалните приватни бизниси и корпорации погодени од пандемијата на корона вирусот во земјава. „Македонската економија е помалку зависна од туризмот во споредба со земјите на Западен Балкан, но производството и трговијата имаат силно влијание. Новото финансирање е витално за надминување на...

Короната удри по македонскиот туризам, само во мај се загубени речиси 100.000 гости

Милионски загуби изразени во евра претрпува македонскиот туризам како последица на пандемијата со ковид-19 што ја зафати нашата земја. Само во мај 2020 година, бројот на туристи се намалил за речиси 100.000 гости во споредба со идентичниот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). За разлика од минатата година, кога во мај имало 98.998 туристи, годинава во...

Економските аналитичари очекуваат намалување на инфлацијата и пад на БДП

Економските аналитичари очекуваат намалување на просечната стапка на инфлација и очекуваниот пораст на бруто домашниот производ поради пролонгирање на ефектите од глобалната криза предизвикана од пандемијата на корона вирусот, покажува новата анкета на Народната банка за периодот 2020 ‒ 2022 година. „Во однос на инфлацијата, просечните очекувања за 2020, 2021 и 2022 година се значително пониски во однос на претходната...

ЕБОР и ЕУ со 85 милиони евра ќе го поддржат развојот на малите и средните претпријатија од Западен Балкан

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ) ја зголемуваат поддршката на малите и средните претпријатија (МСП) од Западен Балкан, со дополнително финансирање, по појавување на пандемијата на корона вирусот. „Банката ќе обезбеди до 70 милиони евра за нови кредитни линии за партнерските финансиски институции за натамошно кредитирање на локалните бизниси во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово,...

УЈП: Медиумите можат да аплицираат за субвенциoнирање на придонеси од задолжително социјално осигурување

Управата за јавни приходи соопшти дека согласно Уредбата со законска сила за субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработени во медиуми, на работодавачот – медиум за секој осигуреник за месец јуни, јули и август 2020 година му се субвенционира 100 отсто од износот за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување. „За остварување на правото за субвенционирање,...

Фирмите добиле 206 милиони евра поврат на ДДВ во првото полугодие од годинава

Во првото полугодие од 2020 година извршен е поврат на ДДВ кон фирмите од 12,7 милијарди денари или 206,5 милиони евра, што е за шест проценти повеќе во однос на лани или за 660 милиони денари повеќе, информираат од Министерство за финансии. Од таму соопштуваат дека ова е највисок поврат на ДДВ за овој период во изминатите години, што е...

ССНМ: Новинарите и медиумските работници стравуваат од вирусот, но и од губење на работата

Четворица медиумски работници останале без работа во најголемиот пик на пандемијата, покажува истражувањето на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, направено во текот на јуни на репрезентативни 150 испитаници - вработени во различни медиуми во земјава. Освен грижата за егзистенцијата, промените што ги донесе корона вирусот се одразил и врз квалитетот на животот на новинарите. Дури 62 отсто од...

Ангеловска: Економијата закрепнува, буџетот ликвиден, приходите повисоки од очекуваните

Во периодот јануари – јуни годинава вкупните буџетските приходи се остварени на ниво од 44 отсто од ребалансот (годишниот план) или во износ од 87,4 милијарди денари. Тоа е за 9 отсто помалку во однос на истиот период лани, а процентот на остварување во однос на планот, е речиси ист како и минатата година. Дефицитот во буџетот е остварен...

Поради ковид-19, јавниот превоз до мај изгубил 11,6 милиони патници и околу 4,5 милиони евра (инфографик)

Пандемијата на корона вирусот има големо негативно влијание врз функционирањето на скопскиот јавен превоз и на ЈСП-Скопје. Долгите полициски часови, затворените школи и факултети, работењето од дома на вработени во голем број компани, ограничениот капацитет за превоз на патници во автобусите и стравот на граѓаните да користат јавен превоз за период од околу три месеци предизвикаа загуби на ЈСП-Скопје...

Наплатата на даноците во јуни е помала за 6,7 проценти во однос на истиот месец лани

Управата за јавни приходи (УЈП) бележи намалување на наплатата на даноците од 6,7 проценти, а намалување има речиси кај сите даноци, освен кај данокот на личен доход, кај кој, има повисока наплата од 1,8 проценти споредено со јуни 2019 година, одговори на новинарско прашање, директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска. Намалување од 17,3 проценти има кај данокот...

Продолжува да паѓа индустриското производство, во мај падот е 27 отсто

Негативните последици од корона кризата веќе трет месец се рефлектираат и кај индустриското производство. Во март падот на индустријата изнесуваше 13,4 отсто, во април достигна 33,5 отсто, а во мај индустриското е помало за 27 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, ДЗС, индексот на индустриското производство во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, изнесува 73. Гледано...

ЕБОР нуди бесплатни онлајн обуки за мали бизниси

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) почна програма за бесплатно онлајн учење и советување за микро, малите и средните компании кои се соочуваат со економска криза од пандемијата со корона вирусот. Програмата ќе се фокусира на пет клучни столбови во бизнисот: кризен менаџмент, клиенти и добавувачи, основи на финансиски менаџмент, финансирање на вашата компанија, вашите вработени и клучниот капитал...

Македонските аеродроми поради корона кризата досега изгубија над 720.000 патници (инфографик)

Растат штетите од корона вирусот во ависообраќајот од двата македонски аеродрома. Како последица на нивното затворање за да се спречи ширењето на ковид-19 во земјава, во мај 2020 година биле превезени само 849 патници, наспроти бројката од 219.141 патник што минале низ скопскиот и охридскиот аеродром во мај 2019 година. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека од...

Пламенка Бојчева: Отворени сме за соработка за заштита на слободниот пристап до информациите од јавен карактер

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер завршила речиси 800 предмети заостанати од 2018 и 2019 година и постапувањето по жалбите на барателите на информации тече редовно во рамки на утврдените законски рокови, вели директорката на Агенцијата, Пламенка Бојчева во интервју за „Мета.мк“. Во 2020 година во Агенцијата се пристигнати вкупно 209 жалби по...

НБРМ: Растат девизните резерви, основната каматна стапка останува на нивото од 1,5 отсто

Најновите економски показатели во домашната економија покажуваат дека растот на економската активност значително забавил во првиот квартал од годинава и изнесувал 0,2 отсто на годишна основа, наспроти раст од 3,4 отсто во претходниот квартал. Случувањата поврзани со појавата на ковид-19 во глобални рамки, како и мерките кои беа преземени за спречување ширење на вирусот, во текот на март доведоа...

Преработувачката индустрија во мај работела со 65,4 отсто од нормалното искористување на капацитетите

Корона кризата предизвика лоши оценки од раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија за состојбата во која се наоѓала оваа стопанска гранка во текот на минатиот месец. Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија се намалил за три процентни поени во однос на април 2020 година и изнесува 13, а во однос на мај 2019 година е намален за 8...

АВРМ досега примила над 2.300 барања за паричен надомест за лицата кои останаа без работа

Агенцијата за вработување (АВРМ) до 26 јуни ќе ги прима барањата на лицата кои потпишале спогодбен отказ или дале лична изјава за прекин на работниот однос во периодот од 11 март до 30 април. Дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ изјави дека досега до АВРМ се пристигнати над 2.300...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...