fbpx

АВРМ досега примила над 2.300 барања за паричен надомест за лицата кои останаа без работа

-

Агенцијата за вработување (АВРМ) до 26 јуни ќе ги прима барањата на лицата кои потпишале спогодбен отказ или дале лична изјава за прекин на работниот однос во периодот од 11 март до 30 април. Дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ изјави дека досега до АВРМ се пристигнати над 2.300 барања.

Таа апелираше до лицата кои потпишале спогодбен отказ или дале лична изјава за прекин на работниот однос, да аплицираат во Агенцијата за вработување до 26 јуни.

– За да им излеземе во пресрет на сите што имале прекин на работен однос донесовме Уредба којашто го проширува опфатот на лица кои можат да примаат паричен надомест. Според неа, сите оние коишто останале без работа во периодот од 11 март до 30 април, без разлика дали потпишале спогодбен отказ или лична изјава, или добиле отказ од работодавачот, ќе можат два месеца да примаат паричен надоместок – посочи Шкријељ.

Аплицирањето е веќе во тек и оние кои имале прекин на работен однос во посочениот период треба да поднесат барање до надлежниот центар за вработување на Агенцијата за вработување.

Шкријељ нагласи дека сите семејства кои останале без приход, можат да влезат во системот на социјална заштита и да примаат гарантирана минимална помош. Тоа значи, ако претходно се следеле приходите на едно домаќинство во последните три месеци за да влезе во системот, сега се следат приходи само од претходниот месец.

– Затоа ги повикувам сите семејства коишто се нашле во ваква ситуација на ризик, да се обратат во центрите за социјална работа и да поднесат барање за гарантирана минимална помош. Со ова излегуваме во пресрет на оние што се најранливи во нашето општество – апелираше таа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...