fbpx

Короната удри по македонскиот туризам, само во мај се загубени речиси 100.000 гости

-

Милионски загуби изразени во евра претрпува македонскиот туризам како последица на пандемијата со ковид-19 што ја зафати нашата земја. Само во мај 2020 година, бројот на туристи се намалил за речиси 100.000 гости во споредба со идентичниот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

За разлика од минатата година, кога во мај имало 98.998 туристи, годинава во истиот месец се регистрирани само 838 домашни и странски гости во туристичките капацитети. Бројот на туристи во овој месец, во однос на мај 2019 година, е намален за 99,2 отсто, а бројот на ноќевања за 97,6 отсто.

Бројот на домашните туристи во мај годинава, во споредба со истиот месец лани е помал за 97,8 отсто, а на странските туристи за 99,7 отсто. Бројот на ноќевањата, пак, на домашните туристи, во однос на мај 2019 година, е намален за 96,7 отсто, а на странските за 98 отсто. Или, лани биле остварени вкупно 205.356 ноќевања, од кои странските туристи реализирале 139.236.

Статистичките податоци покажуваат дека во периодот јануари‒мај 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е помал за 63,2 отсто, и тоа: кај домашните има намалување за 58,2 отсто, а кај странските за 65,6 отсто. Во првите пет месеци од годинава, пак, во однос на истиот период од лани, бројот на ноќевањата е намален за 62,3 отсто, при што, кај домашните туристи за 56 отсто, а кај странските има намалување за 66 отсто.

Хотелиерите во земјава предупредуваат дека високиот број на новозаболени лица од ковид-19 што ја погоди нашата земја во јуни, а до денешен ден не стивнува, ги откажал сите аранжмани за престој на странски гости во јуни и за поголемиот дел од јули. Организираните тури се обиде да ги врати единствено полската авиокомпанија „ЛОТ“ на почетокот на јули, но сепак, на крајот, од авиокомпанијата се одлучија летовите за Охрид и Скопје од Варшава да ги одложат за повторно воспоставување за август.

Северна Македонија минатата година оствари рекордна посета од 1.184.963 туристи, од кои дури 757.593 гости биле од странство. Најголем дел од посетите биле реализирани во летните месеци, а токму посетителите од Полска и земјите од Бенелукс доаѓале во нашата земја во текот на летните месеци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...