fbpx

Преработувачката индустрија во мај работела со 65,4 отсто од нормалното искористување на капацитетите

-

Корона кризата предизвика лоши оценки од раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија за состојбата во која се наоѓала оваа стопанска гранка во текот на минатиот месец. Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија се намалил за три процентни поени во однос на април 2020 година и изнесува 13, а во однос на мај 2019 година е намален за 8 процентни поени, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во мај 2020 година, во однос на април 2020 година, е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во мај 2020 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна и во однос на мај 2019 година. Раководителите на деловните субјекти од преработувачката индустрија очекуваат бројот на вработените да се намалува.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во мај 2020 година изнесува 65,4 отсто од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 21,3 отсто, недостигот на квалификувана работна сила со 18,4 отсто, неизвесното економско опкружување со 14,6 отсто и недоволната домашна побарувачка со 12,7 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измама: Лажен доктор нуди лажен лек за болки во зглобови

Ова е типична онлајн измама која неетички ја користи маката што ја имаат некои луѓе со болести на зглобовите, со цел да ги намами да потрошат еден куп пари...