fbpx
Таг: корона криза

таг: корона криза

Анализа: Цените на становите во „тивок“ пад, условите за станбени кредити „олабавени“

Од 1.100 евра за метар квадратен во скопската општина Аеродром, до 900 евра за метар квадратен во населбата Карпош 4. Цените на становите се детерминирани од различни фактори, локација, година на изградба... но, кризата поради ковид-19 не го заoбиколи ниту овoј бизнис, особено градежништвото, преку високоградба, односно изградба на станови. Официјалните статистики покажуваат драматичен пад на издадени одобренија за...

Во март граѓаните потрошиле 10,1 милиони евра за купување онлајн од домашни компании

Пандемијата со корона вирусот влијаеше на промена на навиките на домашните купувачи, кои голем дел од онлајн купувањето, наместо кон странски земји, го пренасочија кон домашни е-продавници, што се потврдува со огромниот раст на трансакциите реализирани кон домашни е-трговци. Како што соопшти Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ), повикувајќи се на податоците од НБРМ за безготовински платежни трансакции, влијание...

Ковид-19 доведе до намалување на бројот на туристи од 47,9 отсто во првите четири месеци

Туристичкиот сектор, како еден од првите кои се најдоа на удар на корона кризата, веќе евидентира негативни резултати. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), вкупниот број на туристи во април годинава, во однос на истиот месец лани, е намален за 99,1 отсто, а на ноќевањата за 97,2 отсто. При тоа, бројот на домашните туристи во април, во споредба...

Албанија ќе биде економски најпогодена земја од пандемијата со ковид-19 во регионот

Албанија се смета за економски најзагрозена земја во регионот од ефектите на пандемијата со ковид-19. Светската Банка и ЕБОР сметаат дека стопанството на Албанија ќе биде најпогодено, а како последица ќе дојде до зголемување на нивото на сиромаштија. Светската Банка за Северна Македонија изнесува пооптимистични сценарија, пишува „Порталб.мк“. Меѓутоа, кои се причините за проценките на меѓународните институции во нивните прогнози...

Студентите од приватните универзитети изоставени од владината помош за младите

Конференцијата на приватни високообразовни установи, во која членуваат седум приватни универзитети и три самостојни високи стручни школи, бара во најкус рок да се исправи Уредбата на Владата за финансиска поддршка на млади лица, кои се активни учесници во високото додипломско образование на Република Северна Македонија, односно редовни студенти на универзитетите основани во РСМ, бидејќи како што велат оттаму има...

„Илузии“ – прва онлајн претстава на независниот Wonderland Theatre

Независниот „Wonderland Theatre“ на 11 јуни ќе ја има својата прва онлајн театарска претстава насловена „Илузии“ по мотиви на истоимениот текст на Иван Вирипаев. Претставата ќе може да се проследи на нивниот Youtube канал. Улогите ги играат Ивана Павлаковиќ, Драгана Лошкова, Никола Насотски и Исмет Шабановиќ. Режијата е на Нела Витошевиќ, видеото го монтира Васил Христов, а за музиката задолжен...

ДЗС: Пад на извозот од 23,8 отсто во првиот квартал од годинава

Во периодот јануари-април 2020 година, вкупниот обем на трговската размена со странство изнесува 4.305.200.000 американски долари, при што вкупната вредност на извозот достигна 1.782.502.000 долари и бележи пад од 23,8 отсто, во однос на истиот период од претходната година. Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на увeзената стока изнесува 2.522.698.000 долари, што е за 19 отсто помалку...

Ковид-19 го зголеми плаќањето со картички, во март купувањето на интернет поголемо за 99 отсто

Во првиот квартал од годинава за 15,2 отсто се зголемиле плаќањата на физичките и на правните лица во земјава, со посредство на банките, преку кредитни трансфери и платежни картички, во споредба со истиот период минатата година. Истовремено, за 5,8 отсто се зголемила вредноста на остварените трансакции, соопшти Народната банка (НБРМ). Според НБРМ, во март граѓаните поинтензивно ги користеле платежните картички...

ССНМ: Потребен е пакет на мерки за помош на новинарите и медиумските работници

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) смета дека е потребен пакет на мерки за помош на македонските медиуми, со кои ќе се гарантира дека оваа помош ќе стигне директно до вработените погодени од Ковид-19 кризата во земјава. Од ССНМ предлагаат три точки, при што како прво го акцентираат целосно ослободување од придонесите за вработените во медиумите кои не...

Репризи од маалските концерти за време на полицискиот час

Во наредните три дена, Град Скопје ќе ги репризира маалските концерти кои беа дел од проектот „Култура во време на корона“. Настапите ќе се емитуваат на официјалната фејсбук страницата на Град Скопје. „Граѓаните ќе имаат можност секој час во текот на петок, сабота и недела, да уживаат во изведбите на различни уметници од независната културна сцена што беа дел од...

Граѓаните со ваучерите и картичките ќе може да плаќаат само за услуги и производи

Со платежните картички што ќе ги добијат граѓаните нема да можат да се подигаат пари од банкомати, туку со нив ќе може само да се платат услуги или производи.  Забрзано се работи на изгледот и начинот на употреба на платежните картички за што Владата ќе донесе посебна уредба, со која ќе се утврди кои производи и услуги граѓаните ќе...

„Викенд без ДДВ“ на крајот на август, за 2-3 недели ќе има повик за првите ваучери и платежни картички

Целата процедура за аплицирање на граѓаните за најновиот, трет пакет економски  мерки на Владата, кои беа презентирани во неделата, ќе се прецизира во наредните две до три недели. Како што објасни на денешната прес конференција економскиот советник во Владата Фатмир Бетиќи, постапките ќе бидат едноставни и нема да има обемна административна процедура за предвидените ваучери и платежни картички за...

Владата со нови мерки за поддршка на економијата во криза, опозицијата бара стратегија

Премиерот Оливер Спасовски денеска го промовираше третиот пакет на мерки за помош на економските субјекти во земјава. Мерките опфаќаат бескаматни кредити, државни гаранции, кофинансирања и дигитални алатки со кои ќе се поддржат домашните компании. Преку Развојната Банка на Северна Македонија на компаниите ќе им се понудат нови бескаматни кредити од 31 милион евра за поддршка на жените, младите и дигитализацијата...

Ваучери и платежни картички ќе се делат на невработени, млади и вработени со ниски приходи

Премиерот Оливер Спасовски на денешната прес-конференција го презентираше третиот пакет мерки за економска помош изготвен од владата. Вредноста на овој пакет мерки изнесува 355 милиони евра и со него ќе бидат опфатени 730.000 корисници. Вкупната помош на економијата во сите три пакети за економска помош во екот на корона вирусот во земјава порасна на 550 милиони евра, односно 5,5...

Корона вирусот во март го намали бројот на туристи во земјава за 67,3 отсто

По континуираниот раст на македонскиот туризам во изминатите неколку години, епидемијата на корона вирусот доведе до намалување на бројот на туристи во земјава. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристи во март 2020 година изнесувал 17.943, кои оствариле вкупно 41.948 ноќевања. Бројот на туристите во март 2020 година, во однос на март 2019 година, бил намален за...

Корона вирусот за два и пол пати го намали бројот на паркирани возила во центарот на Скопје

Намалената фреквенција на движење на граѓаните и воведувањето на полицискиот час поради епидемијата на корона вирусот влијае на работењето на зонското паркирање во Скопје. Податоците од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) покажуваат дека бројот на паркирани возила во центарот на Скопје во текот на март годинава e за два и пол пати помал во споредба со просечниот број...

Зонското паркирање е времено укинато во некои градови, во Скопје непречено работи

Епидемијата на корона вирусот доведе до привремено укинување на зонското паркирање во некои од градовите во земјава. Во Охрид и Куманово платениот паркинг беше укинат со воведувањето на полицискиот час и мерките за заштита од Ковид-19 во текот на март, но во овие градови од неделава повторно ќе се наплаќа паркирањето за секој изминат час. Општина Штип, пак, допрва ќе...

Извозот во првиот квартал опаднал за 10,8 отсто, увозот намален за 6,3 отсто

Епидемијата со корона вирусот ги покажува првите поконкретни негативни последици по македонската економија. Извозот во првиот квартал од 2020 година изнесувал 1.552.953.000 американски долари и истиот бележи пад од 10,8 отсто во однос на истиот период од минатата година, се наведува во податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Вредноста на увезената стока во истиот период изнесувала 2.116.414.000 американски долари,...

СКМ два пати неделно ќе соопштува бројки, коментари и свои ставови за економијата

Стопанската комора на Македонија (СКМ) информира дека започнува нов начин на комуникација со медиумите и поинаков формат на обраќање кон јавноста за актуелните состојби во државава, особено во економската сфера. Тие ќе бидат кратки и ќе содржат четири важни поенти: Бројки на денот, Коментар на денот, Споредба на денот и Наш став. Се планираат по две прес конференции во...

Индексот на бројот на работници во индустријата во март опаднал за 4,5 отсто

Корона вирусот уште во март почнала да влијае на намалување на бројот на работници во македонската индустрија. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работници во индустријата во март 2020 година, во однос на март 2019 година, изнесува 95,5. Намалувањето од 4,5 отсто за третиот месец од годинава влијаело и на вкупното намалување на индексот...

Тенденциозно и без докази се обвинува дека Украина и Западот стојат зад терористичкиот напад во Москва

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС...