Таг: конференција

таг: конференција

Џафери: Зборовите „слободни и фер избори“ изгубиле значење во Македонија

„Во Македонија нема единство од политичките партии за Рамковниот договор. Која партија ќе вработи повеќе луѓе, таа победува на избори“, изјави вицепремиерот во Владата на Република Македонија, задолжен за Рамковниот договор, Муса Џафери на денешната конференција посветена на овој договор во Скопје. - Зборовите „слободни и фер избори“ изгубиле значење во оваа земја - рече Џафери.

Акциска мрежа за добро владеење: Можност граѓаните брзо да го искажат својот став

Македонските граѓани сакаат да учествуваат во процесот на донесување одлуки, но не знаат како да го сторат тоа на лесен, брз и едноставен начин. Токму затоа, на денешната завршна конференција за проектот „Акциска мрежа за добро владеење“, беше презентирана мобилната апликација „Пикодемокраси“ (Picodemocracy), како едноставен модел преку кој може да се чуе мислењето на граѓаните за оние прашања што им...

Завршна конференција од проектот „Акциска мрежа за добро владеење“

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, во партнерство со Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) и Реактор – Истражување во акција, утре во ЕУ Инфоцентар, во 10 часот, ќе одржат завршна конференција од проектот „Акциска мрежа за добро владеење“. На конференцијата воведно обраќање ќе има евроамбасадорот Аиво Орав, а говорниците ќе дискутираат на темите: добро владеење, корупција, транспарентност и отчетност. -...

Европа не е подготвена за најголемата хуманитарна криза

Дводневна Меѓународна конференција „Современи безбедносни парадигми и предизвици: теорија и пракса“ се одржува во Охрид, во организација на Институтот за безбедност, одбрана и мир, кој функционира во рамките на Филозофскиот факултет од Скопје. Раководителот на Институтот, Оливер Бакревски, најави дека бегалската криза ќе биде една од главните теми на расправа на оваа меѓународна конференција. - Станува збор за комплексно прашање кон...

Иванов: Прашањето за поканата на Македонија во НАТО од политичко, стана безбедносно

Прашањето за поканата на Македонија во НАТО беше политичко, но сега веќе станува безбедносно прашање, рече претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, на отворањето на Конференција на началниците на генералштабовите на армиите од земјите-членки на Јадранската повелба и на САД, во Охрид. Иванов потсети дека Јадранската повелба беше потпишана пред 12 години. Само пет години подоцна, на Самитот на НАТО...

Величковски: АРМ овозможува брз транзит на мигрантите низ Македонија

Во Охрид денеска и утре се одржува 19. Конференција на началниците на генералштабовите на армиите од земјите-членки на Јадранската повелба и на САД. Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, Методија Величковски, на отворањето рече дека целта е да се согледаат и да се утврдат здружените напори во постигнување на партнерските цели на НАТО и способностите на силите. – Темите...

Иванов на конференција на Јадранската повелба во Охрид

На 19. Конференција на началниците на генералштабовите на армиите од земјите-членки на Јадранската повелба (А5) и на САД, што ќе се одржи во Охрид, денеска ќе се обрати претседателот Ѓорге Иванов. Тема на конференцијата е „Здружените напори во постигнување на НАТО партнерските цели и способностите на силите“. Јадранската повелба е партнерство формирано во 2003 година за заеднички и координирани активности за што...

Земјите-членки на Јадранската повелба во Охрид ќе ја зацврстуваат соработката

Од среда, 16 септември, до петок, во Охрид ќе се одржи 19. Конференција на началници на ГШ на армиите од земјите-членки на Јадранската повелба (А-5) и на САД. Според најавите, на собирот ќе се расправа за иницијативите и за заложбите за зајакнување на партнерството и на соработката во областа на одбраната во регионот.

Регионална конференција: „Дијалог за отворено владино партнерство во Западен Балкан – 2015 година“

Регионалната конференција „Дијалог за отворено владино партнерството во Западен Балкан – 2015“ се одржа во главниот град на Албанија. Собирот го иницираа државниот министер за јавна администрација и иновација, Милена Харито, и Институтот за демократија и медијација од Тирана. На конференцијата се анализираше и се дебатираше за потребата од отворена власт, која треба да биде приоритет во секоја држава во регионот...

Женското претприемништво поттикнува создавање работни места

Во рамките на настанот „Женското претприемништво - мотор за создавање работни места“ што се одржа во Даут-пашин амам, беа споделени примери на добра практика од деловни жени. На настанот беше промовиран филм, кој е дел од завршната фаза од проектот, и во него менаџерките споделуваат искуства за тоа како го почнале бизнисот и упатуваат порака до младите бизнисмени. Една од основачките...

Меѓународна конференција во Охрид: Бегалската криза – глобална безбедносна закана

Во организација на Маршал центарот - Македонија и НАТО во Охрид се одржува дводневна конференција на која се разговара за транснационалните закани со фокус на мигрантската криза, на која ќе бидат усвоени препораки за подобрување на безбедносните капацитети на државите-членки на алијансата и нејзините партнери за справување со современите предизвици. Учесниците предупредуваат дека бранот со бегалците - мигранти ќе продолжи...

Хан: ЕУ дава 600 милиони евра за инфраструктурни проекти во Западен Балкан

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, денеска на својот профил на „Твитер“ објави дека за 2015 година за инфраструктурни проекти во Западен Балкан, Европската унија има дадено 600 милиони евра. Инфраструктурното поврзување меѓу земјите во Западен Балкан е и една од темите за кои се разговара на конференцијата во Виена. "#Connectivity agenda boosts econom. development + competitiveness in #WB. EU finances infrastructureprojects...

Виена и денес ќе биде престолнина на Западен Балкан

Во Виена вчера започна дводневната конференција за Западен Балкан, како продолжение на т.н. „берлински процес“, инициран минатата година од германската канцеларка Ангела Меркел. Централниот настан треба да се одржи денес, а планирани се состаноци во врска со изградбата на патот Ниш-Подгорица-Драч како и работен појадок на министрите за економија во регионот. Самитот ќе го отвори австрискиот канцелар Вернер Вајман, а за резултатите...

Конференција за Западен Балкан во Виена

Во Виена денeска почнува дводневната конференција за Западен Балкан, како продолжение на берлинскиот процес, инициран минатата година од германската канцеларка Ангела Меркел. На конференција ќе се потпише договор за разграничување на Црна Гора со БиХ, додека за попладнево е најавен „Форум за цивилно општество на Западен Балкан“ чиј домаќин е австрискиот шеф на дипломатијата Себастијан Курц. Централниот настан ќе се одржи в четврток...

Претседателот на ГРЕКО за „бомбите“: Конечната одлука треба да ja донесе независен суд

Судовите самите треба да ја испитаат и да се справат со содржината од опозициските „бомби“, особено со тие што се однесуваат на назначувањето судии, изјавил претседателот на европската организација за борба против корупцијата ГРЕКО и судија во Врховниот суд на Хрватска, Марин Мрчела, кој учествува на меѓународна конференција на тема „Антикорупција: Најдобри практики во борбата против јавната корупција“, што се одржува...

Средба со организаторите на „Доку-тек“ на 15 јули

Фондацијата „Метаморфозис“ на 15 јули ќе организира средба со тимот на „Доку-тек“ (Doku: Tech) на која технолошките ентузијасти од Македонија ќе добијат шанса да учествуваат на уникатната технолошка конференција во регионот, што ќе се одржи во Призрен, Косово, на 8 и на 9 август. „Доку-тек“ ги истражува социјалните импликации на технолошките иновации преку поврзување, содржина, отвореност и безбедност. Конференцијата ќе се...

Конференција на телата за саморегулација во медиумите од ЈИЕ

Се обединија телата за саморегулација во медиумите од Македонија, Србија, Косово, Црна Гора и од Босна и Херцеговина. Под покровителство и на иницијатива на Совет на Европа, на дводневната конференција во Будва, Црна Гора, беше официјализирано основањето на „Медиа нетикс“ - Мрежа на тела за саморегулација во медиумите во Југоисточка Европа. Оваа мрежа ќе служи како платформа за регионална соработка...

Завршна конференција на НЕАП: За ефикасно граѓанско учество најважна е политичката волја

Во хотелот „Арка“ се одржа завршната конференција на проектот „Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество“. На конференцијата присуствуваа претставници на граѓански организации, институции и на медиуми. - Проектот јасно укажа дека е важно да се создаваат алатки што ќе бидат лесно достапни, едноставни за користење и ќе им овозможуваат на ефикасен начин на невладините организации, но и на граѓаните...

Македонија е европски рекордер по невработеност на млади од 15 до 29 години

Изминатата 2014 година Македонија била европски рекордер по бројот на млади невработени лица. Најпогодени со невработеноста се младите од социјално ранливите категории, приматели на социјална помош или, пак, од семејства со ниски приходи. Младите во овие семејства едноставно имаат мала можност за комуникација и тешко допираат до информациите и до шансите за вработување, е заклучокот од денешната тркалезна маса „Платформа...

И по осум века начелата од Магна карта се пример за слободарските права на граѓаните

На Универзитетот на Југоисточна Европа се одржа Меѓународна конференција по повод 800 години од донесувањето на документот Магна карта, првиот англиски уставен документ со кој биле загарантирани правата на граѓаните. На конференцијата присуствуваа Амбасадорите на САД и на Велика Британија, Џес Бејли и Чарлс Едмунд Гарет. И двајцата во своите говори истакнаа дека документот е првиот чекор кон воспоставување парламентарна демократија. -...

Во трагедијата животите ги загубија четворица музичари од групата ДНК

Андреј Ѓоргиески, познатиот вокал од дуото ДНК, препознатлив во јавноста и по својата хуманитарна работа, денеска им подлегнал на повредите со кои се здобил синоќа во пожарот во дискотеката...