fbpx

Охрид: Меѓународна конференција за борба против корупција

-

За попладнево во Охрид е најавено отворање на Меѓународната конференција „Размена на најдобри практики на ЕУ во борбата против корупцијата на локално ниво“.

Воведни излагачи ќе бидат министерот за локална самоуправа, Лирим Шабани, претседателот на Државната комисија за борба против корупцијата, Горан Миленков, раководителот на одделот за политички прашања, правда и за внатрешни работи, информации и комуникација од делегација на ЕУ, Роберт Лидел, и извршниот директор на ЦИКП, Марија Ристеска.

На конференцијата ќе бидат соопштени и резултатите од првото систематско истражување на доброто владеење на локално ниво ЛОТОС 2014, кое се спроведуваше во текот на изминатата година. ЛОТОС 2014 ја оценува примената на добрите практики на локално ниво во однос на шест принципи на добро владеење: транспарентност, одговорност, отчетност, учество, ефикасност и ефективност.

Во рамки на истражувањето беа опфатени 43 македонски општини, меѓу кои и општините од југозападниот регион, Охрид, Струга, Кичево, Вевчани и Центар Жупа.

ЛОТОС-методологијата е пренесена од Хрватска, каде истражувањето се спроведува континуирано секои две години од 2009 година. Во Македонија методологијата ја спроведе Центарот за истражувањеи креирање политики во соработка со ГОНГ од Хрватска, ЦЕРИ – Битола, ЗЛРР – Тетово, ЛДА од Струга, „Бујрум“ – Куманово, ЕХО – Штип и „Зелена сила“ од Велес.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...