fbpx
Таг: конференција

таг: конференција

Конференција за реформи во администрацијата

„Агенда за проширување – Достигнувања и предизвици во реформата на јавната администрација“ е темата на конференцијата што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на канцеларијата на „Фридрих Еберт“ во Скопје, Институтот за социјална демократија „Прогрес“ и на Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО). Организаторите соопштуваат дека повод за одржување на конфенцијата е објавувањето на извештајот за напредокот и...

Академијата за одржлив развој на УНЕСКО во Торино: Презентации за Охрид и за Преспа

Дејан Пановски, во функција на претставник на Националната комисија на УНЕСКО, во Торино, Италија, на Академијата за одржлив развој во УНЕСКО-подрачја, во кампот на ОН, го престави Охридскиот регион со две презентации. Првата за Планот за управување со културното и со природното наследство и втората, за управувањето со Прекуграничниот биосферен резерват на УНЕСКО Охрид - Преспа. Исто така, М-р Зоран...

Иванов: Помина времето кога безбедноста на Европа се чуваше само на тлото на Европа

Државите од Западен Балкан мора да се интегрираат во архитектурата на безбедносниот систем на Унијата со непречен пристап до сите бази на податоци, истакна шефот на државата, додавајќи дека секоја земја може да придонесе со тоа што ќе го споделува своето искуство. Претседателот Ѓорге Иванов денеска се обрати на отворањето на форумот посветен на глобалните закани за безбедноста и на тероризмот,...

Чавков и Попоски на конференција во Луксембург

Министрите за надворешни и за внатрешни работи на Република Македонија, Никола Попоски и Митко Чавков, вечерва во Луксембург ќе присуствуваат на конференција за мигрантската рута Источен Медитеран - Западен Балкан. Во организација на Советот за внатрешни работи на Европската унија, шефовите на полициите и на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ, заедно со нивните колеги од Западен Балкан, а предводени од...

ЕУ организира тркалезна маса за справување со говорот на омраза и дискриминација

„Справување со говорот на омраза и со дискриминацијата - влијанието на уредниците и предизвиците со кои се соочуваат“ е темата на тркалезната маса што денеска ја организираат  ЕУ, МИМ и Советот за етика. Тркалезната маса е дел од проектот „Медиумска опсерваторија на Југоисточна Европа“ , финансиран од Европската Унија.

Тодоров: Набавени шест нови дигитални мамографи за исто толку болници

Министерството за здравство набавило шест нови дигитални мамографи за потребите на шест јавни здравствени установи, кои во наредните неколку дена треба да бидат инсталирани и пуштени во употреба, соопшти денеска министерот за здравство, Никола Тодоров, кој попладнево имаше обраќање на 8. Национална конференција за рак на дојка, во организација на здружението „Борка“. - Нови мамографи ќе добијат хируршката клиника „Св....

Поградец: Работен состанок за биодиверзитетот во езерата од Дримскиот Басен

Во рамките на заедничкиот проект за заштита на биодиверзитетот во езерата во Дримскиот Басен, поддржан од Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ, денеска и утре, во Поградец, Република Албанија, се одржува работен состанок за компонентата за заштита на важните видови флора и фауна во езерата. Во рамките на проектот веќе е подготвена листа на важни видови и на овој состанок...

Незири: Новиот закон за градежни производи ќе придонесе за развој на градежната индустрија

Ефикасен и силен механизам за контрола на квалитетот на градежните материјали кои се нудат на пазарот е еден од најзначајните услови што треба да обезбедат дополнителни гаранции за сигурноста на градбите и одржлив пораст на домашната градежна индустрија. Ова е една од клучните заложби на учесниците на конференцијата „Влијанието на градежните материјали врз квалитетот на градбата“, организирана од „Цементарница Усје“,...

Џафери: Зборовите „слободни и фер избори“ изгубиле значење во Македонија

„Во Македонија нема единство од политичките партии за Рамковниот договор. Која партија ќе вработи повеќе луѓе, таа победува на избори“, изјави вицепремиерот во Владата на Република Македонија, задолжен за Рамковниот договор, Муса Џафери на денешната конференција посветена на овој договор во Скопје. - Зборовите „слободни и фер избори“ изгубиле значење во оваа земја - рече Џафери.

Акциска мрежа за добро владеење: Можност граѓаните брзо да го искажат својот став

Македонските граѓани сакаат да учествуваат во процесот на донесување одлуки, но не знаат како да го сторат тоа на лесен, брз и едноставен начин. Токму затоа, на денешната завршна конференција за проектот „Акциска мрежа за добро владеење“, беше презентирана мобилната апликација „Пикодемокраси“ (Picodemocracy), како едноставен модел преку кој може да се чуе мислењето на граѓаните за оние прашања што им...

Завршна конференција од проектот „Акциска мрежа за добро владеење“

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, во партнерство со Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) и Реактор – Истражување во акција, утре во ЕУ Инфоцентар, во 10 часот, ќе одржат завршна конференција од проектот „Акциска мрежа за добро владеење“. На конференцијата воведно обраќање ќе има евроамбасадорот Аиво Орав, а говорниците ќе дискутираат на темите: добро владеење, корупција, транспарентност и отчетност. -...

Европа не е подготвена за најголемата хуманитарна криза

Дводневна Меѓународна конференција „Современи безбедносни парадигми и предизвици: теорија и пракса“ се одржува во Охрид, во организација на Институтот за безбедност, одбрана и мир, кој функционира во рамките на Филозофскиот факултет од Скопје. Раководителот на Институтот, Оливер Бакревски, најави дека бегалската криза ќе биде една од главните теми на расправа на оваа меѓународна конференција. - Станува збор за комплексно прашање кон...

Иванов: Прашањето за поканата на Македонија во НАТО од политичко, стана безбедносно

Прашањето за поканата на Македонија во НАТО беше политичко, но сега веќе станува безбедносно прашање, рече претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, на отворањето на Конференција на началниците на генералштабовите на армиите од земјите-членки на Јадранската повелба и на САД, во Охрид. Иванов потсети дека Јадранската повелба беше потпишана пред 12 години. Само пет години подоцна, на Самитот на НАТО...

Величковски: АРМ овозможува брз транзит на мигрантите низ Македонија

Во Охрид денеска и утре се одржува 19. Конференција на началниците на генералштабовите на армиите од земјите-членки на Јадранската повелба и на САД. Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, Методија Величковски, на отворањето рече дека целта е да се согледаат и да се утврдат здружените напори во постигнување на партнерските цели на НАТО и способностите на силите. – Темите...

Иванов на конференција на Јадранската повелба во Охрид

На 19. Конференција на началниците на генералштабовите на армиите од земјите-членки на Јадранската повелба (А5) и на САД, што ќе се одржи во Охрид, денеска ќе се обрати претседателот Ѓорге Иванов. Тема на конференцијата е „Здружените напори во постигнување на НАТО партнерските цели и способностите на силите“. Јадранската повелба е партнерство формирано во 2003 година за заеднички и координирани активности за што...

Земјите-членки на Јадранската повелба во Охрид ќе ја зацврстуваат соработката

Од среда, 16 септември, до петок, во Охрид ќе се одржи 19. Конференција на началници на ГШ на армиите од земјите-членки на Јадранската повелба (А-5) и на САД. Според најавите, на собирот ќе се расправа за иницијативите и за заложбите за зајакнување на партнерството и на соработката во областа на одбраната во регионот.

Регионална конференција: „Дијалог за отворено владино партнерство во Западен Балкан – 2015 година“

Регионалната конференција „Дијалог за отворено владино партнерството во Западен Балкан – 2015“ се одржа во главниот град на Албанија. Собирот го иницираа државниот министер за јавна администрација и иновација, Милена Харито, и Институтот за демократија и медијација од Тирана. На конференцијата се анализираше и се дебатираше за потребата од отворена власт, која треба да биде приоритет во секоја држава во регионот...

Женското претприемништво поттикнува создавање работни места

Во рамките на настанот „Женското претприемништво - мотор за создавање работни места“ што се одржа во Даут-пашин амам, беа споделени примери на добра практика од деловни жени. На настанот беше промовиран филм, кој е дел од завршната фаза од проектот, и во него менаџерките споделуваат искуства за тоа како го почнале бизнисот и упатуваат порака до младите бизнисмени. Една од основачките...

Меѓународна конференција во Охрид: Бегалската криза – глобална безбедносна закана

Во организација на Маршал центарот - Македонија и НАТО во Охрид се одржува дводневна конференција на која се разговара за транснационалните закани со фокус на мигрантската криза, на која ќе бидат усвоени препораки за подобрување на безбедносните капацитети на државите-членки на алијансата и нејзините партнери за справување со современите предизвици. Учесниците предупредуваат дека бранот со бегалците - мигранти ќе продолжи...

Хан: ЕУ дава 600 милиони евра за инфраструктурни проекти во Западен Балкан

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, денеска на својот профил на „Твитер“ објави дека за 2015 година за инфраструктурни проекти во Западен Балкан, Европската унија има дадено 600 милиони евра. Инфраструктурното поврзување меѓу земјите во Западен Балкан е и една од темите за кои се разговара на конференцијата во Виена. "#Connectivity agenda boosts econom. development + competitiveness in #WB. EU finances infrastructureprojects...

ЈСП: Утре ќе сообраќаат автобусите по неделен возен ред, а жичницата нема да работи

Утре, за време на двојните претседателски и парламентарни избори, автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред. Жичницата до врвот на Водно нема да работи. Дежурни ќе бидат билетарниците на...