fbpx

Незири: Новиот закон за градежни производи ќе придонесе за развој на градежната индустрија

-

Ефикасен и силен механизам за контрола на квалитетот на градежните материјали кои се нудат на пазарот е еден од најзначајните услови што треба да обезбедат дополнителни гаранции за сигурноста на градбите и одржлив пораст на домашната градежна индустрија.

Ова е една од клучните заложби на учесниците на конференцијата „Влијанието на градежните материјали врз квалитетот на градбата“, организирана од „Цементарница Усје“, во функција на одбележување на 60-годишнината од почетокот со работа.

–  Градежната индустрија е значаен двигател на економскиот развој на земјата. Во насока на континуирано креирање на поволен амбиент за понатамошен развој на оваа гранка, Министерството за економија подготви нов закон за градежните производи, кој е усогласен со новите регулативи во законодавството на ЕУ. Тој ќе придонесе за поедноставување на административните постапки, скратување на времето потребно за добивање на именување на телата и е во функција на зголемена ефикасност за контрола и за сузбивање на сите технички и трговски бариери во оваа област. Сите овие аспекти, верувам дека ќе придонесат за понатамошен пораст и развој на градежната индустрија – изјави министерот за економија, Беким Незири.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...