fbpx

Регионална конференција: „Дијалог за отворено владино партнерство во Западен Балкан – 2015 година“

-

Регионалната конференција „Дијалог за отворено владино партнерството во Западен Балкан – 2015“ се одржа во главниот град на Албанија.

Собирот го иницираа државниот министер за јавна администрација и иновација, Милена Харито, и Институтот за демократија и медијација од Тирана.

На конференцијата се анализираше и се дебатираше за потребата од отворена власт, која треба да биде приоритет во секоја држава во регионот на Западен Балкан, доколку се почитува принципот на демократија и на отеченост на политичките елити.

Учествуваа високи претставници на владите и на парламентите на земјите од Западен Балкан, од амбасадите на САД и на ЕУ во Тирана, претставници на граѓански организации од Македонија, Албанија, Србија, Хрватска, Косово, Романија, Црна Гора.

– Македонското друштво „Илинден“ од Тирана, исто така, имаше забележително учество на оваа регионална конференција – вели преседателот Никола Ѓурѓај, кој воедно беше и претставник на македонското малцинство во Албанија на овој собир.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...