fbpx

Тодоров: Набавени шест нови дигитални мамографи за исто толку болници

-

Министерството за здравство набавило шест нови дигитални мамографи за потребите на шест јавни здравствени установи, кои во наредните неколку дена треба да бидат инсталирани и пуштени во употреба, соопшти денеска министерот за здравство, Никола Тодоров, кој попладнево имаше обраќање на 8. Национална конференција за рак на дојка, во организација на здружението „Борка“.

– Нови мамографи ќе добијат хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ и болниците во Кавадарци, Штип, Куманово, Прилеп и во Кочани, а вкупната инвестиција изнесува околу 40 милиони денари. Дополнително донесовме одлука да почнеме постапка за набавка на нови мамографи за Гевгелија, Радовиш, Велес и за Македонска Каменица. Со набавката на овие апарати ќе се овозможи мамографскиот скрининг да се изведува на повеќе локации во земјава, односно оваа здравствена услуга да биде што е можно подостапна за женската популација – рече Тодоров.

Тој посочи дека од 7 април оваа година, е воведен бесплатен мамографски скрининг за жените на 50-годишна возраст, а до крајот на 2016 година се планира со мамографскиот скрининг да бидат опфатени сите жени на возраст од 50 до 69 години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...