fbpx

Конференција за реформи во администрацијата

-

„Агенда за проширување – Достигнувања и предизвици во реформата на јавната администрација“ е темата на конференцијата што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на канцеларијата на „Фридрих Еберт“ во Скопје, Институтот за социјална демократија „Прогрес“ и на Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО).

Организаторите соопштуваат дека повод за одржување на конфенцијата е објавувањето на извештајот за напредокот и агендата за проширување на Европската комисија за 2015 година.

На конференцијата ќе се разгледаат достигнувањата на Република Македонија во исполнувањето на заложбите за обезбедување задоволителни јавни услуги и унапредување на конкурентноста и развојот на земјата.

На панел-сесија на тема „Реформа на јавната администрација – Заложби за квалитетно, транспарентно и ефективно демократско владеење во 21 век“ е најавено обраќање на заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска-Томовска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...