fbpx
Таг: конференција

таг: конференција

ЕУ испраќа две милијарди евра помош за Сирија

Европската унија е подготвена да издвои околу две милијарди евра помош на меѓународната донаторска конференција посветена на Сирија, која в четврток ќе се одржи во Лондон. Конференцијата насловена „Поддршка за Сирија и за регионот 2016“ заеднички ја организираат Велика Британија, Германија, Кувајт, Норвешка и Обединетите нации, со намера да соберат пари неопходни за милиони луѓе чии животи се загрозени од граѓанската...

Груевски: На 24 април доаѓаат казната и одмаздата на народот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, се обрати на годишната конференција на унијата на жени во „Борис Трајковски“. Според него, некој „користејќи го СДСМ сакал на валкан начин да ја урне ВМРО-ДПМНЕ, да ја дестабилизира Македонија и да ја промени по терк како што налагаат неговите интереси.“ - Сè беше совршено подготвено, но, како што знаеме, не постои совршено злосторство. Во овој случај,...

Спасовски ја напушти конференцијата на Вишеградската група

Министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски, денеска, поради новонастанатата политичка ситуација во Македонија, го прекина престојот во Прага и најавеното учество на конференцијата на Вишеградската група, соопштија од МВР. На конференцијата учествуваа македонскиот амбасадор во Чешка, Паскал Стојчевски, и претставник од македонското министерството за внатрешни работи.

Спасовски: МВР месечно троши повеќе од еден милион евра за мигрантската криза

Министерството за внатрешни работи месечно троши повеќе од еден милион евра за справување со масовниот прилив на мигранти, а и покрај донаторските конференции, одржани повеќепати, до денеска Македонија најголема помош и поддршка доби од Чешката Република, УНХЦР и од Меѓународната организација за миграција (ИОМ). Ова, меѓу другото, го изјавил министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во своето поздравно обраќање на...

Министерот Попоски на конференција во Стокхолм

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска во Стокхолм ќе учествува на министерската конференција на тема „ЕУ интеграција на Западен Балкан, мисија што треба да се заврши“. Од МНР соопштија дека конференцијата се однесува на проширувањето на Европската унија, интеграцијата на Западен Балкан во Унијата и регионалната соработка. Целта на настанот во Стокхолм е промоција на значајната улога на проширувањето,...

Спасовски: Од еден милион бегалци во Европа, 620.000 минале низ Македонија

Хуманиот пристап кон луѓето што бегаат од војни мора да биде наш императив, но, истовремено, не може да постои компромис кога е во прашање безбедноста на граѓаните и на земјата, истакнал министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на отворањето на меѓународната конференција на тема „Миграции и прилив на бегалци во транзитните земји: безбедносни импликации“ што во организација на Институтот...

Македонија е последна во регионот во справувањето со клиентелизмот во медиумите

Македонија е најлошо рангирана кога станува збор за способност на земјата сеопфатно да ја разбере состојбата на медиумите според декларативното постоење податоци. Нивното отсуство е индикатор за постоење клиентелизам во институционалните процеси, клиентелистички практики поврзани со медиумската сопственост и постоење на висок ризик од клиентелизам според индикаторите што се однесуваат на медиумскиот пазар, беше речено на денешната конференција „Индекс на клиентелизам...

По договорот од Париз, на секои пет години ќе докажуваме дека придонесуваме за зелен развој

Со потпишувањето на историскиот договор за климатските промени во Париз, Македонија на секои пет години ќе биде обврзана да поднесува документ, кој се нарекува Национална детерминирана контрибуција, со што ќе докажува дека придонесува за намалување на глобалното затоплување. - Нема одредено колку проценти годишно треба да се намали емисијата на стакленички гасови, туку тоа ќе биде континуиран процес, кон кој државите...

ССНМ: 77 отсто од медиумските работници се плашат за своето работно место

Нема професионално новинарство додека над глава постои закана од отказ, страв од укинување на медиумот во кој работите преку ноќ, е еден од заклучоците на конференцијата „За медиумските работи“, која беше организирана од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и е дел од проектот „Работнички права на медиумските работници“ поддржан од британската амбасада во Скопје. - Сопствениците на медиумите имаат...

Министерот Адеми присуствуваше на конгресот на СОНК во Струга

„Министерството за образование и наука (МОН) и Синдикатот за образование наука и култура (СОНК) се долгогодишни партнери и сè што работиме е во насока на подобрување на образовниот процес во сите негови сегменти“. Ова денеска го истакна министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, на шестиот конгрес на СОНК во Струга. – До сите заеднички ставови сме дошле благодарение на постојаните средби, на...

Фабијус: Договорот за климатските промени ќе биде правно обврзувачки за сите земји

Преговарачи од повеќе од 190 земји учествуваат на конференција во Париз на која треба да се постигне договор сите земји да ги намалат вештачките емисии на јаглерод диоксид и на други стакленички гасови и да им се помогне на најсиромашните да се прилагодат на зголемувањето на нивото на морињата и други последици што ги предизвикуваат климатските промени. Францускиот министер за надворешни работи, Лоран Фабијус,...

Спасовски: Кулминира притисокот врз новинарите

„Нема прогрес таму каде што имате уценети, тепани или затворани новинари. Институционалната репресија е инструмент на тоталитаризмот, на диктатурата, какво и да е пакувањето во кое таа се нуди“, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во обраќањето на конференцијата на тема „Безбедноста и слободата на новинарите во Македонија“, организирана од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). - Сведоци сме, особено последниве...

Денеска ќе се одржи меѓународна конференција „Медиуми и човекови права“

По повод меѓународниот ден на човековите права, Институтот за новинарство, медиуми и комуникации, при Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, организира Меѓународна конференција на тема „Медиумите и човековите права“. Целта на конференцијата е да овозможи размена на мислења и презентација на истражувачки резултати на оваа суштествена тема за медиумите и за човековите права, а особено...

11. конференција „Е-општество“ посветена на слободата и на приватноста на интернет

„Слобода и приватност на интернет“ е темата на единаесеттата меѓународна конференција „Е-општество“ што ќе се одржи в четврток, во хотелот „Холидеј ин“, а се спроведува во рамките на проектот „Децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија“, а во соработка со Фондацијата за интернeт и општество „Метаморфозис“ и со Меѓународниот институт за човекови права и мир од Каен,...

Македонците во Албанија на конференција по повод годишнина од падот на комунизмот

Македонците во Албанија беа дел од Меѓународна научна конференција, организирана во Тирана, по повод 25-годишнината од падот на комунизмот во оваа земја. На конференцијата се проговори и за Македонците преку статијата „Културните и политичките организации на Македонците од Албанија 1991-2014“, презентирана од проф. д-р Катерина Тодороска и од Естела Ѓурѓај. Притоа, беше покажан интерес за ова прашање од професорите на Универзитетот...

Регионална конференција „Пристапни реформи во Западен Балкан“

Денеска во Скопје ќе се оддржи регионална конференција на тема „Пристапни реформи во Западен Балкан“, во организација на Секретаријатот за европски прашања. Како што соопшти СЕП, воведни излагања на форумот ќе имаат македонскиот вицепремиер задолжен за евроинтеграции, Фатмир Бесими, шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија, амбасадорот Аиво Орав и германскиот заменик-амбасадор Ханс-Хелге Сандер. На конференцијата ќе учествуваат и заменик-министерот за евоинтеграции...

Шилегов: Груевски бега затоа што е фатен како ја договара конференцијата за Рамковниот договор

Никола Гуевски бега и се крие откако е разоткриен дека стои зад договорената коференција за анализа на Рамковниот договор, обвини портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, на прес-конференција пред Владата на Република Македонија. Шилегов рече дека Груевски никаде го нема затоа што ги излажал граѓаните кога обвинувал други за конференцијата што треба да се одржи на 1 декември во Скопје. - Груевски...

Завршна конференција за проектот за зајакнување на капацитетите во затворите

„Изградба на капацитетите на агенциите за спроведување на законот за соодветен третман на притворените и на осудените лица“ е проект финансиран од ЕУ и спроведуван од Советот на Европа, за кој денеска во Скопје ќе се одржи завршна конференција. Проектот се фокусира на две главни компоненти – казнениот систем и полицијата. Целта е зајакнување на организациските и на раководните капацитети...

Хан: Само целосно спроведување на Договорот од Пржино ќе обезбеди фер избори

Само целосното спроведување на Договорот од Пржино ќе овозможи во април да се одржат фер и демократски избори, оцени еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на денешната конференција во Брисел „Спик ап“ („Проговорете“ или „Кренете глас“) за медиумската состојба во земјите од Западниот Балкан и во Турција. Еврокомесарот вели дека изборите во април 2016 година ќе бидат набљудувани од огромен број претставници на сите меѓународни организации...

Конференција за тероризам во Скопје

„Превенција на насилен екстремизам и на радикализација кои водат кон тероризам“ е темата на националната конференција што ќе се одржи денеска, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Целта на конференцијата е да се зајакне капацитетот на полициските службеници во борбата против екстремизмот и да се подигне нивната свест за користа од примената на техники на полициското работење во соработка...

Словенечкиот премиер е надвор од животна опасност, но останува на интензивна нега

Словачкиот премиер Роберт Фицо веќе не е во животна опасност, но останува на интензивна нега четири дена откако беше застрелан од вооружен маж, изјави заменик-премиерот на земјата, а пишува...