fbpx

Хан: Само целосно спроведување на Договорот од Пржино ќе обезбеди фер избори

-

Само целосното спроведување на Договорот од Пржино ќе овозможи во април да се одржат фер и демократски избори, оцени еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на денешната конференција во Брисел „Спик ап“ („Проговорете“ или „Кренете глас“) за медиумската состојба во земјите од Западниот Балкан и во Турција.

Еврокомесарот вели дека изборите во април 2016 година ќе бидат набљудувани од огромен број претставници на сите меѓународни организации и институции, како што се ОДИХР, Советот на Европа, Европската комисија или Европскиот парламент.

– Постигнавме договор со политичките партии и тој договор треба да се примени – изјави Хан, додавајќи дека целиот преговарачки процес треба да донесе фер, слободни и демократски избори.

Хан од медиумите и од невладините организации побара да придонесат за остварување на договореното во Пржино.

Евокомесарот, претходно, на отварањето на конференцијата, рече дека слободата на медиумите е особено важна за проширувањето на Европската унија и додаде дека сè уште треба да се работи на слободата на изразувањето на медиумите во потенцијалните земји-членки на ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...