fbpx

Шилегов: Груевски бега затоа што е фатен како ја договара конференцијата за Рамковниот договор

-

Никола Гуевски бега и се крие откако е разоткриен дека стои зад договорената коференција за анализа на Рамковниот договор, обвини портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, на прес-конференција пред Владата на Република Македонија.

Шилегов рече дека Груевски никаде го нема затоа што ги излажал граѓаните кога обвинувал други за конференцијата што треба да се одржи на 1 декември во Скопје.

– Груевски со обвинувања сака да сокрие дека тој се согласил да има конференција за анализа за спроведување на Рамковниот договор. Во овој документ со архивски печат во владата јасно стои дека договор за конференцијата е склучен помеѓу Владата и Европскиот институт за мир уште пред четири месеци. Овој документ е потпишан од вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор, како што е наведено, од име на Владата. Единствена Македонија му порачува на Никола Груевски доста е, збогум Никола – изјави Шилегов.

Тој одговарајќи на новинарско прашање, рече дека не веруваат во надуените анкети и дека граѓаните својата анкета ќе ја кажат на 24 април. Исто така, на одговор на новинарско прашање, портпаролот на СДСМ изјави и дека состојбата со медиумите е таква каква што е поради десетгодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и на Никола Груевски, додавајќи дека СДСМ  се залага за слободни медиуми. Тој рече дека високите казни за медиумите не се вметнати во Изборниот законик по барање на оваа партија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...