fbpx

Безбедносна конференција во Охрид: Современите закани не признаваат граници

-

Современите безбедносни закани не признаваат граници и добро е што сите тие се препознаени во националните документи и стратегии во земјите од регионот, што значи дека земјите треба колку што е можно повеќе да соработуваат кога се во прашање превенцијата и соочувањето со безбедносните закани.

Со ваква оцена, на шестата Меѓународна конференција посветена на безбедноста, во организација на Факултетот за безбедност од Скопје, излезе професорот на Факулетот за безбедност во Белград, Зоран Кековиќ.

– Многу е важно истрагата за настаните во Куманово да се спроведе докрај, затоа што со тоа ќе се даде јасен сигнал дека таквите акции во иднина нема да се толерираат. Безбедносните закани во земјите од регионот, влијаат на националната безбедност, но се прелеваат и во регионални закани. Случувањата во Македонија, во Србија се следат со големо внимание и со загриженост – предупредува Кековиќ.

Професорот Цане Мојановски од Факултетот за безбедност во Скопје, изнесе став дека на безбедносниот систем во Република Македонија, не само по настаните во Куманово, туку од поодамна, му е потребна реформа.

– Едно е да седите во кабинет и да планирате, а друго е да имате непосредна акција. Тоа укажува дека има потреба од отворање на овие прашања и дека отворањето на прашањата и идентификувањето на слабостите нужно ќе значат и реформи. Во таа смисла, ниеден научен работник не може да стои на гледиштето дека нема потреба од реформа – вели Мојановски.

Професорот Жидас Даскалоски од Факултетот за безбедност во Скопје, смета дека Македонија, поради блискоста со регионот каде се одвиваат терористички напади, мора во секој миг да биде внимателна и подготвена за соодветна реакција.

– Македонија е во еден регион кој е многу блиску до случувањата на Блискиот Исток. Има многу млади луѓе од Македонија и од регионот заблудени со некои идеи, кои одат таму да се борат. Постојат обиди за терористички напади, претходно во Зворник, а сега и во Куманово, што значи дека цело време треба да бидеме со ширум отворени очи и да бидеме подготвени за сите предизвици кои Македонија ги очекува – појаснува Даскаловски.

На конференцијата во Охрид учествуваат повеќе од 130 професори и научни работници од 15 земји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Постигнат цензусот за претседателските избори

Излезноста во вториот круг на претседателските избори до 17 часот е 42,32 отсто, изјави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Процентот на излезност до 17 часот, како што...