fbpx

Македонија е европски рекордер по невработеност на млади од 15 до 29 години

-

Изминатата 2014 година Македонија била европски рекордер по бројот на млади невработени лица. Најпогодени со невработеноста се младите од социјално ранливите категории, приматели на социјална помош или, пак, од семејства со ниски приходи. Младите во овие семејства едноставно имаат мала можност за комуникација и тешко допираат до информациите и до шансите за вработување, е заклучокот од денешната тркалезна маса „Платформа за иновации во областа на младинската невработеност во Југоисточна Европа“, која се одржа во Битола.

– Невработеноста на младите во последниот квартал од минатата година на возраст од 15 до 29 години во нашата држава е 54 проценти, што е една од највисоките стапки на невработеност во европски рамки. За ова постојат повеќе причини, како недоволен број на работни места и, секако, несоодветните квалификации што ги добиваат од формалното образование, по што младите не се подготвени да влезат на пазарот на трудот – рече Златко Талевски, извршен директор на МКЦ Битола.

МКЦ Битола е партнерска организација во проектот што се реализира во седум земји на Европа: Црна Гора, Албанија, Косово, Србија, БИХ, Турција и Македонија.

Истражувањето направено во рамките на проектот не само што ќе ги скенира состојбите, туку ќе се обиде да понуди решенија до сите надлежни институции во државата и во бизнис-секторот, за тоа како да се намали овој проблем со тоа што ќе се користат искуства од другите земји во Југоисточна Европа.

– За да се постигнат добри резултати на ова поле, ќе мора младите да се ослободат од плаќање придонеси, односно државата да ги субвенционира нивните вработувања, особено кај ранливите категории млади луѓе – рече Мери Нашоку, која е дел од истражувачкиот тим на МКЦ.

На крај, сите земји вклучени во прокетот ќе подготват и ќе публикуваат базичен национален извештај за состојбите со младинската невработеност во овој дел на Европа.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...