fbpx

Конференција на телата за саморегулација во медиумите од ЈИЕ

-

Се обединија телата за саморегулација во медиумите од Македонија, Србија, Косово, Црна Гора и од Босна и Херцеговина. Под покровителство и на иницијатива на Совет на Европа, на дводневната конференција во Будва, Црна Гора, беше официјализирано основањето на „Медиа нетикс“ – Мрежа на тела за саморегулација во медиумите во Југоисточка Европа.

Оваа мрежа ќе служи како платформа за регионална соработка и за размена на искуства за унапредување на квалитетот и на професионалноста во медиумите и на етичкото новинарство во регионот.

Задача на ова регионално здружение ќе биде подигнување на свеста на членките на мрежата, медиумите, медиумските професионалци и на општеството во целина, за основните принципи за саморегулацијата и за професионализмот, како и разгледување на прекугранични жалби на земјите од регионот.

Претставниците на саморегулаторите донесоа одлука седиштето на мрежата да биде во Црна Гора, а за претседател е избран Ранко Вујовиќ, извршен секретар на Медиумскиот совет за саморегулација на Црна Гора.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...