fbpx

В петок финална конференција на проектот НЕАП

-

Завршната конференција на проектот „Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество“, ќе се одржи в петок, во хотел „Арка“ во Скопје, со почеток во 9.30 часот.

Проектот се спроведува од Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, во партнерство со Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), а е финансиран со помош од Европската унија, преку програмата „Поддршка за зајакнување, одржливост и развој на активно граѓанско општество“.

– На конференцијата ќе се презентираат резултатите од „Мрежата за ефикасно активно учество“. Проектот јасно укажа дека е важно да се создаваат алатки што ќе бидат лесно достапни, едноставни за користење и ќе им овозможуваат на ефикасен начин на НВО, но и на граѓаните воопшто, онлајн или офлајн да учествуваат во процесот на донесување одлуки. Но, исто така, проектот покажа дека за ефикасно граѓанско учество најважно е да постои вистинска политичка волја и посветеност на претставниците на државните институции да ги вклучуваат граѓаните во тие процеси – вели Бардил Јашари, извршен директор на Фондацијата „Метаморфозис“.

Проектот „Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество“ е дизајниран да ги засили постојните напори на граѓанските организации, градејќи им ги капацитетите и вештините за користење на новите технологии за вмрежување и за застапување. Преку серија алатки и обуки, локалните граѓански организации ќе имаат подобрена соработка едни со други, со нивните целни групи и со граѓаните на најклучните нивоа, како и вертикално, со Владата.

– Главната улога на нашата организација, коапликант на оваа акција, се однесуваше на изработка на материјали за зајакнување на капацитетите на граѓанските организации и реализација на обуки. Од една страна, ги развивме модулите за спроведените обуки „Инструмент за претпристапна помош – ИПА II“ и „Заедничка методологија на партиципативна процена, соработка за застапување и за градење коалиции“, но произведовме и содржини за е-учење. Преку проектот НЕАП се разви платформа за е-учење која создава ресурси за помагање на граѓанското учество во однос на ИПА II. Содржините што ги произведе МЦЕО се однесуваат на основните поими околу ИПА II, нејзиниот начин на функционирање, страгегијата „Европа 2020“, програмите на унијата, но и на други интересни ресурси за евроинтеграциите од перспектива на граѓанското учество – вели Александар Колекески од „Македонски центар за европско образование“.

Проектот ќе идентификува шест групи на граѓански организации, кои работат на различни значајни прашања за локалната заедница или со национално значење, чии технички капацитети ќе бидат подобрени за да им се овозможи да дејствуваат како мрежа, за да ги работат на подобрување на заедничката агенда.

– Активното граѓанско учество е суштинско за развој на демократијата во една земја, а истото е особено важно на локално ниво, од каде и потекнуваат голем дел на проблемите со кои граѓаните се соочуваат секој ден. Токму поради ова, граѓанските организации како облик на граѓанско здружување мора континуирано да работат на артикулирање на своите барања во однос на локалните власти – вели Дамир Незири од здружението „Млади европски федералисти“ од Куманово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...