fbpx

Конференција за Западен Балкан во Виена

-

Во Виена денeска почнува дводневната конференција за Западен Балкан, како продолжение на берлинскиот процес, инициран минатата година од германската канцеларка Ангела Меркел.

На конференција ќе се потпише договор за разграничување на Црна Гора со БиХ, додека за попладнево е најавен „Форум за цивилно општество на Западен Балкан“ чиј домаќин е австрискиот шеф на дипломатијата Себастијан Курц.

Централниот настан ќе се одржи в четврток за кога се планирани состаноци во врска со изградбата на патот Ниш-Подгорица-Драч како и работен појадок на министрите за економија во регионот.

Самитот ќе го отвори австрискиот канцелар Вернер Вајман, а за резултатите по завршувањето јавноста ќе ја информираат тој, германскиот канцелар Ангела Меркел, високата претставничка за надворешна политика во ЕУ Федерика Могерини и во име на регионот српскиот премиер Александар Вучиќ.

Истовремено ќе се одржи и состаноци на шефовите на дипломатиите и министрите за економија на државите од регионот и претставници од ЕУ.

Форумот ќе биде можност за претставување на инфраструктурните проекти на регионот, но поради актуелната ситуација ќе биде во знак на проблемот со азилантите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...