fbpx
Таг: компании

таг: компании

ССК: Без консултации со бизнис-заедницата, мерките постојано се менуваат и креираат забуни

Претставниците на туристичко-угостителскиот сектор, кои се дел од Kоординативното тело за превенција од можни штети од корона вирусот одржаа средба со министрите за финансии и за економија Нина Ангеловска и Крешник Бектеши. На состанокот од страна на надлежните беа презентирани новите економски мерки и условите за мерката 14.500 денари финансиска поддршка по вработен, новата линија бескаматни кредити, а дополнително се...

Стопанската комора на веб-страна ќе објавува понуда и побарувачка на заштитни маски за компаниите

Стопанската комора на Македонија апелира до компаниите што произведуваат заштитни маски да ги достават до Комората основните информации поврзани со нивната продажба, цени, количини, период и начин на испорака. „Стопанската комора бесплатно ќе ги постави овие информации на соодветно место на својата интернет-страница и со тоа ќе овозможи полесно да се сретнат понудата и побарувачката на заштитни маски на домашниот...

„Фајненс Тинк“: Над 70 отсто од вработените и од компаниите се погодени од корона кризата

Три четвртини од вработените и од компаниите во Македонија се погодени од економската криза предизвикана од ширењето на Ковид-19. Состојбата кај самовработените и микро-бизнисите е дополнително критична. Најчест механизам што го примениле работодавачите за прилагодување на корона-кризата е намалување на платата и прекинување на секакви дополнителни исплати. Невработените изгубиле надеж дека ќе најдат работа, а доходот во нивните домаќинства се...

Компаниите очекуваат зголемен пад на производството, извозот и прометот во април

Стопанската комора на Македонија спроведе втора анкета за последиците од кризата предизвикана од корона вирусот за македонската економија и очекуваните ефекти од економските мерки на Владата. Анкетата спроведена од 7 до 14 април имала за цел да овозможи увид во регистрираните последици за компаниите-членки на Комората во март и очекувањата за април 2020 година. „Во однос на суровините, 54 проценти од...

ОРМ: Сите компании ќе претрпат одредена штета од кризата предизвикана од Ковид-19

Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) спроведува анкетно истражување кое треба да даде попрецизна слика за обемот и последиците од намалената економска активност во земјата предизвикана од кризата со пандемијата од Ковид-19. Истражувањето се спроведува по електронски пат, преку анкетен прашалник кој е доставен до членките на ОРМ, а истиот е достапен и за останатите компании. Целта е што поголем број...

Компании, амбасади, институции донираа пари и опрема за справување со Kовид-19

Десетици домашни компании, организации, банки и институции донираа опрема и пари на Министерството за здравство, како поддршка во напорите на здравствените власти за справување со состојбата со Ковид-19 во земјата. Освен тоа, пристигна и помошта од  Европска Унија во вредност од четири милиони евра и од САД, кои преку УСАИД донираат 1,1 милиони американски долари за справување со коронавирусот. -...

Компаниите доставиле 136 барања до Развојна банка за бескаматни кредити

Развојна банка денеска ја достави првата информација до владата за обработените кредитни апликации од страна на компаниите кои ги исполнуваат условите за бескаматни кредити, во вкупен износ од 1.263.079 евра. „Во првата листа до владата се доставени вкупно 136 кредитни апликации за микро, мали и средни претпријатија со вкупно 1.737 вработени. Од 136 апликации, 96 отсто се однесуваат на микро...

Спасовски апелира работниците да не потпишуваат спогодби за отпуштање од работа

Премиерот Оливер Спасовски апелираше до работниците да не потпишуваат спогодби за отпуштање од работа за време на кризата со корона вирусот, бидејќи од една страна ги штити Законот за работни односи, а од друга, Владата преку усвоените економски мерки ги помага компаниите. Главната мерка од вториот економски пакет, Спасовски повтори дека е 14.500 денари плата по вработен во април и...

Рударскиот сектор создал над 7.000 тони опасен отпад во 2018 година

Компаниите од разни сектори во Македонија во 2018 година создале вкупно 1.143 илјади тони отпад. Од ова количество, 98,21 отсто се неопасен отпад, а 1,79 отсто е опасен, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика, ДЗС. Од создадениот отпад, 1.145 тони е складиран. Најмногу имало отпад во секторот преработувачка индустрија, 531.762 тони или 46,54 отсто. Од ова количество,...

Компаниите сѐ уште немаат пресметки за загубите што ги трпат од корона вирусот

Трговските и другите производствени домашни компании се уште немаат доставено до Стопанската комора на Македонија, СКМ, пресметки колкави загуби трпат поради состојбата со корона вирусот, односно намалениот промет како и број на вработени. Во каква состојба се најдоа во изминативе недели и дали ќе достават до СКМ конкретни пресметки и барања за интервенција од државата, се уште е неизвесно. Производствените...

ФИТР: 66 домашни компании во финална селекција за проекти поврзани со технолошки развој

Шеесет и шест домашни компании од 74 кои аплицирале, продолжуваат во фазата на финална селекција на Јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој на Фондот за иноватции и технолошки развој ФИТР по редовна постапка. Вкупниот обем на инвестиции кај овие проекти е над 11,7 милиони евра. Компаниите од Фондот побаруваат 3,5 милиони евра максимален износ, а се подготвени да вложат ...

Царовска и стопанските комори очекуваат уште поголема соработка за подобрување на економијата

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, се сретна со претседателите на четирите најголеми стопански комори, претставници на синдикатите и организациите на работодавачи. Царовска во иднина очекува уште потесна соработка за креирање на решенија со кои ќе се постигнат повисоки стапки на домашниот бруто-производ и ќе се влијае на подигнување на животниот стандард на македонските граѓани. „Во изминатите две и пол години,...

Филипов: „Македонија“ во името на државата е наша предност во разговорите за трговските марки

Во поглед на трговските марки, со името „Македонија“ и другите изведенки од него, ние имаме предност со тоа што сме единствената држава во светот што го има зборот „Македонија“ во своето име, но сепак во поглед на марките и трговските имиња, оние што треба да ги постигнат договорите се стопанските комори, бизнисмените. Во Македонија има околу 3.200 фирми што...

Македонски инвеститори во странство имаат 337 милиони евра во акции и удели

Домашни инвеститори поседуваат сопственички капитал односно акции и удели во компании и фондови во странство вредни 337 милиони евра, покажуваат најновите податоци на Народната банка за портфолио инвестициите на резидентите во странски хартии од вредност заклучно со 30 јуни, годинава. Инвестициите од нашата земја во странски хартии од вредност во 2016 година изнесувале 205 милиони евра, што значи дека во...

Анализа: Ќе се повтори ли ланскиот инвестициски пик?

Во очекување на полноправното челенство во НАТО и датумот за почеток на пристaпните преговори во ЕУ, дел од европските земји веќе ги даваат привите насоки на своите инвеститори да се охрабрат и да вложуваат во земјава, но дел од домашните бизнисмени упатуваат на сеуште присутните проблеми кои го кочат инвестирањето, се вели во неделната економска анализа на „Порталб.мк“. Последните податоци...

Јавниот сектор е во повластена положба во плаќањето на долговите, поради одложените рокови

Приватниот сектор бара да биде вклучен во процесот на измените на Законот за финансиска дисциплина со сите досегашни нотирани недостатоци. „Неопходно е да се обезбеди правна заштита, како и владеење на правото. Врз тие принципи може значително да се подобри бизнис-климата во земјата. Законот за финансиска дисциплина, во кој би биле вклучени и барањата на приватниот сектор за олеснување на...

Компаниите од енергетскиот сектор до РКЕ ќе доставуваат податоци на месечно ниво

Компаниите од енергетскиот сектор, кои имаат лиценци издадени од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), ќе доставуваат податоци на месечно ниво до регулаторот, информираше претседателот на РКЕ Марко Бислимовски. – На овој начин ќе добиваме редовно податоци од компаниите што ќе користат за следење на активностите на сите компании што имаат лиценци и ќе ни овозможат веднаш да реагираме при воочување...

Пет компании се во трка за изработка на студија за иднината на Попова Шапка

Постапката за избор на компанијата која ќе ја спроведе анализата за Попова Шапка заврши, информираат од „ЕЛЕМ турс“. За овој тендер се информирани пет компании и се очекува истите да влезат во трка за подготовка на анализа „Делојт“ (Deloitte), „Ерст & Јанг“ (Ernst & Young), „КПМГ“ (KPMG), „Гранд Торнтон“ (Grand Thornton) и „ПвЦ“ (PwC), пишува „Порталб.мк“. Во текот...

За првите три месеци 8,1 милиони евра македонски инвестиции во странство

Доаѓа ли период во кој македонските компании почнуваат да ги селат инвестициите во други држави е прашање што заслужува внимание доколку се земе предвид дека во првите три месеци од годинава директните странски инвестиции од нашата земја во странство изнесувале 8,1 милиони евра. Податоците на Народната банка покажуваат дека станува забор за значително зголемување во однос на 2018 и 2017...

Сивата економија се уште ги мачи регистрираните фирми и им создава нелојална конкуренција

Проектот на УСАИД, Партнерство за подобра бизнис регулатива одржа форум на тема: „Механизми за елиминација на сивата економија, имплементација и очекувани резултати“, во организација на Сојуз на стопански комори на Македонија. „Бараме конкретни чекори од страна на институциите како носители на механизмите за справување со сивата економија. Предложени мерки се имплементација во пракса на Законот за забрана и спречување на...

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...