fbpx

Пет компании се во трка за изработка на студија за иднината на Попова Шапка

-

Постапката за избор на компанијата која ќе ја спроведе анализата за Попова Шапка заврши, информираат од „ЕЛЕМ турс“. За овој тендер се информирани пет компании и се очекува истите да влезат во трка за подготовка на анализа „Делојт“ (Deloitte), „Ерст & Јанг“ (Ernst & Young), „КПМГ“ (KPMG), „Гранд Торнтон“ (Grand Thornton) и „ПвЦ“ (PwC), пишуваПорталб.мк“. Во текот на неделата ќе се избере компанијата.

Џемаил Јусуфи, директор на „ЕЛЕМ турс“, вели дека постапката би требало да заврши оваа недела.

„Постапката е започната пред две – три недели и е пред конечен избор на компанијата. Всушност, се работи за две постапки: финансиска анализа и физибилити студија со модел на јавно-приватно партнерство како и модел за продажба“, рече тој.

Јусуфи извести дека, иако повикот е само на македонски јазик, компанијата која ќе ја спроведе анализата има обврска извештајот да го достави и на англиски јазик.

„Компаниите кои се ангажирани се меѓународни компании со претставништва во Македонија: „Делојт“, „Ерст & Јанг“, „КПМГ“ и други. Овие компании се најголемите со претставништва во Македонија. Обврска на тој што ќе биде избран е материјалот, финансиската анализа и физибилити студијата да ги поднесе и на англиски јазик”, додаде тој.

Длабинската анализа, според компаниите кои се ангажирани, од нивна страна ќе трае еден месец, значи ќе заврши на почетокот на јули, а физибилити студијата ќе трае до 90 дена, се очекува да заврши до почетокот на септември. Тој вели дека ова се законски постапки кои не можат да ги прескокнат.

Инаку, пред неколку дена граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“ реагираше поради фактот што повикот е објавен само на македонски јазик, а не како што побараа тие и на англиски јазик, за да може да им се испрати и на компании со светско реноме.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...