fbpx

За првите три месеци 8,1 милиони евра македонски инвестиции во странство

-

Доаѓа ли период во кој македонските компании почнуваат да ги селат инвестициите во други држави е прашање што заслужува внимание доколку се земе предвид дека во првите три месеци од годинава директните странски инвестиции од нашата земја во странство изнесувале 8,1 милиони евра.

Податоците на Народната банка покажуваат дека станува забор за значително зголемување во однос на 2018 и 2017 година кога директните инвестиции од земјава во странство изнесувале 2,6 односно 1,75 милиони евра, на годишно ниво.

Ваквото зголемување доаѓа истовремено со падот на странски инвестиции во нашата земја. Во првото тримесечје во земјава влегле скромни 29 милиони евра странски директни инвестиции, што е неколкукратно намалување во однос на истиот период минатата година кога биле инвестирани 235 милиони евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...