fbpx

ФИТР: 66 домашни компании во финална селекција за проекти поврзани со технолошки развој

-

Шеесет и шест домашни компании од 74 кои аплицирале, продолжуваат во фазата на финална селекција на Јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој на Фондот за иноватции и технолошки развој ФИТР по редовна постапка. Вкупниот обем на инвестиции кај овие проекти е над 11,7 милиони евра. Компаниите од Фондот побаруваат 3,5 милиони евра максимален износ, а се подготвени да вложат  повеќе од 8 милиони свои средства. Побаруваните средства се 16 проценти над вкупниот буџет наменет за овој повик кој во рамките на редовната постапка изнесува три милиони евра. Со овој повик Владата обезбедува до 30 проценти, додека останатите 70 проценти се влог на компаниите.

„Овој повик е наменет за финансиска поддршка за технолошки развој на претпријатија и приватни здравствени установи („ПЗУ“), а целта е воведување на нови технологии во работењето со што се зголемува конурентноста на домашните компании. Компаниите кои сакаат да го унапредат нивото на технолошки развој се од 15 области и тоа доминантно во секторот здравство и медицина како и градежништво, трговија и продажба, маркетинг, образование, и земјоделие,“ се вели во соопштението.

Најголем дел од нив се мали (41) и микро (16) претпријатија, додека останатите се средни (9). Овие компании се од 16 града, од кои во најголем дел од Скопје, Струмица, Прилеп, Битола, Тетово и Неготино.

Проектите на овие компании, кои ја поминаа фазата на претселекција, ќе ги разгледува Комитетот за одобрување на инвестиции – независно тело составено од тим од пет странски експерти, а сите се оценуваат согласно дефинираните критериуми:, технолошки напредок, квалитет на подготвен проект, потенцијал на пазарот, капацитет на проектниот тим и влијание на проектот.

Инаку во рамките на овој повик по редовна постапка беа пријавени 74 предлог проекти, од кои дел отпаднаа во фазата на административна постапка, а дел во фазата на претселекција. Повикот беше отворен од 13 декември 2019, а поради големиот интерес и на барање на домашните компании, рокот за аплицирање по редовна постапка беше продолжен до 10 февруари 2020 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...