fbpx
Таг: комисија

таг: комисија

Општина Гостивар годинава ќе одвои 6 милиони денари за развој на спортот

За поддршка на спортски манифестации и за развој на спортот, Општина Гостивар годинава од својот буџет ќе одвои 6 милиони денари или двојно повеќе во споредба со минатата година. Парите се предвидени за развој на масовниот спорт и на рекреативните активности на граѓаните, поддршка на традиционални спортски манифестации, ученички и студентски спортски активности, како и на спортско-рекреативни активности на лица...

Собранието ги изгласа членовите на Комисијата за заштита од дискриминација

Собранието на Република Македонија со 62 гласа „за“ и со еден глас „против“, во рамки на 85. седница, ги избра Тони Науновски, Александар Даштевски, Александар Спасеновски, Нена Неновска-Георгиевска, Јован Ананиев, Ирфан Дехари и Беким Кадриу за членови на Комисијата за заштита од дискриминација. Опозицискиот СДСМ номинирањето на Науновски и на Даштевски го оцени како скандалозно, катастрофално, мизерно и дискриминаторско. - Дали...

Одложено формирањето на анкетната комисија за фалсификуваните лични карти

Формирањето анкетна комисија за скандалот со фалсификувани лични карти е одложено за неколку дена. Членовите на комисијата за избори и за именувања од СДСМ побараа точката да се отстрани од дневен ред, но претседавачот со комисијата, Трајче Димков, само го одложи формирањето за да им остави простор на партиите да предложат свои кандидати што би членувале во ова тело. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ...

Јово Вангеловски назначен за член на комисијата за завршен испит на Академијата за судии и јавни обвинители

Поранешниот претседател на Врховниот суд и актуелен судија во овој суд, Јово Вангеловски, е назначен за член на комисијата за завршен испит на Академијата за судии и јавни обвинители од управниот одбор на Здружението на судии на Република Македонија. Според соопштението на Здружението на судии, предложена била судијката Снежана Ѓорѓиевска-Зекирија, но бидејќи таа е член на комисија за приемен испит,...

СДСМ: Македонија назадува во однос на надворешната политика

Комисијата за надворешна политика на СДСМ, раководена од заменик-претседателката Радмила Шекеринска, ја анализираше состојбата во надворешната политика во однос на остварувањето на стратегиските определби на државата на надворешен план, соопштија денеска од партијата. „Констатирано е значајно назадување на позицијата и на угледот на Македонија на овој план, со јасни белези за изолација и за доведување во опасност на интегритетот, самостојноста,...

Жестока комисиска дебата за укинување на екстерното тестирање

Владејачкото мнозинство не го прифати предлогот на опозицијата за укинување на екстерното тестирање. По долга дебата, членовите на Комисијата за образование не ги приближија ставовите за измените на Законите за основно и за средно образование. Рената Дескоска од СДСМ смета дека екстерното тестирање треба целосно да се укине поради штетните последици што ги предизвика во изминатите неколку години. - Екстерното е компатибилно...

Николов: ВМРО-ДПМНЕ оневозможува расправа за буџетот

Комисијата за финасирање и буџет ја одржа првата седница откако опозицијата се врати во Собранието, но пратениците од власта не дозволија расправа за измените во законот за буџети, предложен од опозицијата. Крсте Муковски од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека биле сведоци на поканети невладини организации токму од Сорос, за кои, како што вели, „не знам од кои причини моите колеги од СДСМ само...

Предлагачите на законот за специјален обвинител одбија амандман со казнени одредби

Воведување казнени одредби од најмалку три и пет години затворска казна за оние лица што ќе прикријат информација или ќе дадат лажни информации за постапките по кои ќе работи специјалниот јавен обвинител, побара пратеникот Павле Трајанов, како амандман на законот за специјален јавен обвинител, на расправата во Комисијата за политички систем и односи со заедниците. Амандманот беше одбиен од предлагачите...

Пратениците од СДСМ до среда нема да бидат дел од комисиите на Собранието

Пратениците од СДСМ најдоцна до среда, официјално ќе станат членови на собраниските комисии. Пратеничката група на СДСМ вчера ги поднела предлозите за претседатели и за членови за комисии, но сè уште не можат да почнат да работат. Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ, претседател на Комисијата за избори и за именувања, вели дека треба да се направат неколку усогласувања, па потоа да...

Денеска на собраниските комисии ќе се разгледува извештајот на Прибе

Собраниските комисии денеска ќе ги разгледуваат листата на итни реформски приоритети и препораките од извештајот на експертската група ангажирана од Европската комисија, а предводена од поранешниот директор во комисијата, Рејнхард Прибе. На дневен ред се системските прашања за владеење на правото, кои се однесуваат на следењето на комуникациите во делот независни, регулаторни, контролни и надзорни тела.

Петковски: Комисијата за надзор на прислушувањето е фарса и театар

Активирањето на собраниската Комисија за надзор на следењето комуникации, па и на таа за контрола на работата на Упрвата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и на Агенцијата за разузнавање (АР), за поранешниот пратеник и актуелен претседател на НСДП, Тито Петковски, е „обична фарса и театар со кој властите симулираат некаква реакција по забелешките од специјалниот извештај што за Европската...

Првпат се состана Комисијата за надзор над спроведување ПИ-мерки

Пратениците, членови на Комисијата за надзор над спроведувањето на посебна истражна мерка, следење на комуникациите од МВР, одбрана, царина и финансиска полиција, денеска се сретнаа првпат по една година. Членовите на комисијата не моажеа да ги усогласат ставовите дали Комисијата треба или не треба да функционира без најголемата опозициска партија. Независната пратеничка Солза Грчева, која е нов член во комисијата,...

Парламентарна комисија во сефте контрола на Агенцијата за разузнавање

Седум пратеници од Комисијата за надзор над работата на безбедносните служби при Собранието, која се доекипираше минатата седмица, денеска беа во контрола на Агенцијата за разузнавање (АР), која функционира под надлежност на шефот на државата, пренесува „Утрински весник“. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој во случајов е претседавач со групата, Иван Иванов, Васил Пишев, Нада Ципушева и Сашо Василевски, како...

Се подготвува нов Закон за азил и привремена заштита

Речиси една недела откако Собранието ги усвои измените на Законoт за азил и привремена заштита, со кој на мигрантите им се дозволува легално да престојуваат на територијата на државата во период од 72 часа, Министерството за внатрешни работи не регистрирало никакви проблеми, ниту забелешки од невладините организации и од илегалните мигранти, рече во своето обраќање државниот секретар на МВР,...

Тематска конференција на СДСМ за проблемите во земјоделството

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ одржала тематска конференција за актуелните состојби во земјоделството, на која учестувале претставници од повеќе општински организации на партијата, информираат преку соопштение од СДСМ. На конференцијата се разговарало за клучните проблеми во земјоделството, односно, како што соопштуваат од партијата, за „неправедната распределба на државното земјоделско земјиште, за слабиот откуп на земјоделските производи, за...

Лустриран Јорданчо Чеврески

Комисијата за верификација на фактите денеска на својата интернет-страница објави дека утврдила соработка со службите за државна безбедност на Јорданчо Чеврески, како член на Совет на Македонска радио-телевизија. Според комисијата, Чеврески како соработник на СДБ бил заведен под псевдоним „Тајњц“. Меѓу новите лица за кои Комисијата за верификација на фактите утврдила дека биле соработници на тајните служби се и Саре Ошафковски,...

Ќе се формира втора комисија за случајот со починатото девојче на Инфективна клиника

Втора стручна комисија ќе формира Министерството за здравство за да направи нова, подетална анализа, дали сите здравствени работници, почнувајќи од матичниот лекар, дежурниот лекар во Поликлиниката „Јане Сандански“, па до тие на Клиниката за инфективни болести, постапиле правилно во лекувањето на 12-годишното девојче што почина без конечна дијагноза. Од Министерството за здравство велат дека првата стручна комисија, која веќе го анализирала случајот, утврдила дека сите здравствени работници...

Комисија ќе ги истражува причините за смртта на 12-годишното девојче

Комисија формирана од Министерството за здравство ќе работи на откривање на причината за смртта на 12-годишното девојче што денеска рано наутро почина на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, соопштуваат од Министерството. Оттаму побарале итна информација од Клиниката за случајот, од каде биле известени дека девојчето било примено вчеравечер, околу 23 часот, во исклучително тешка здравствена состојба, со сложена гастро-интестинална...

Денеска ќе работат три собраниски комисии

Седници на комисиите за финансирање и буџет, за труд и социјална политика и за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска ќе се одржат во Собранието на Република Македонија. На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет се предлог-законот за изменување на Законот за даночна постапка, предлог-законот за дополнување на Законот за фондот за осигурување депозити, како и измените и дополнувањата на...

Собраниската комисија ги усвои законите за образованието

Собраниската комисија за образование, наука и спорт околу три часот по полноќ го изгласа во второ читање целиот пакет реформи во основното, средното и за високото образование, Законот за педагошки факултет, Законот за наставници во основно и во средно образование, Законот за формирање академија на наставници и предлог - законот за обука на директори на средни и на основни училишта и...