fbpx

Тематска конференција на СДСМ за проблемите во земјоделството

-

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ одржала тематска конференција за актуелните состојби во земјоделството, на која учестувале претставници од повеќе општински организации на партијата, информираат преку соопштение од СДСМ.

На конференцијата се разговарало за клучните проблеми во земјоделството, односно, како што соопштуваат од партијата, за „неправедната распределба на државното земјоделско земјиште, за слабиот откуп на земјоделските производи, за користењето на субвенциите како уценувачки механизам иако тие им се загарантирани со закон на земјоделците, штетите од нередовната исплата и за целосната зависност на земјоделците од државата“, а посебно се разгледувала неискористеноста на европските фондови во земјоделството, како и „дисфункционалноста помеѓу примарното земјоделство и преработувачката индустрија“.

„Констатирано е дека македонското земјоделство треба да ги користи искуствата на успешните европски земјоделски политики, прилагодени кон спецификите во Македонија и да се градат системски земјоделски политики што можат да дадат резултати во развојот на аграрот и враќање на достоинството на земјоделецот во Македонија. Секое покрупно решение во земјоделството треба да биде дел на интегрираната економска политика на власт што ќе биде посветена на решавање на лошите состојби, а не на генерирање проблеми од популистички побуди, каков што е случајот последниве години во Македонија“, стои во соопштението на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...