fbpx

Ќе се формира втора комисија за случајот со починатото девојче на Инфективна клиника

-

Втора стручна комисија ќе формира Министерството за здравство за да направи нова, подетална анализа, дали сите здравствени работници, почнувајќи од матичниот лекар, дежурниот лекар во Поликлиниката „Јане Сандански“, па до тие на Клиниката за инфективни болести, постапиле правилно во лекувањето на 12-годишното девојче што почина без конечна дијагноза.

Од Министерството за здравство велат дека првата стручна комисија, која веќе го анализирала случајот, утврдила дека сите здравствени работници постапиле според медицината базирана на докази, но поради брзата прогресија на симптомите, влошување на состојбата и фаталниот исход, а, пред сè, и поради тоа што се работи за млад живот, министерот за здравство побарал формирања на уште една стручна комисија, за уште еднаш да се испита случајот и да се споредат наодите.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...