fbpx

Хидросистемите во функција, започнува сезоната за наводнување

-

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски заедно со директорот на АД Водостопанство Локман Љимани, извршија увид во работата на хидросистемот Брегалница, од каде го најавија предвременото започнување со работа на системите за наводнување на целата територија во државата. Тие кажаа дека важен дел во производството на земјоделските производи е наводнувањето на обработливите површини.

„Системите за наводнување на целата територија на нашата држава се исчистени и оспособени за работа, со што можам да најавам дека сезоната за наводнување предвремено и навремено ја започнуваме. Преку пуштање на водата во системите Тиквеш, Стрежево и Брегалница, како и останатите хидро мелиоративни системи
обезбедуваме доволно количество вода за наводнување на стратешките култури како
што е пченицата и пченката,“ изјави Николовски.

Министерството, како што информира, со пари од Европската Унија инвестира во нови системи за наводнување. Пред неполни две недели е започнато со инвестиции во нов систем за наводнување во селото Конопница.

„Покрај овој систем за наводнување веќе е започната и изградбата на нови системи за наводнување во Пишица и Теарце, а вкупната инвестиција на овие три капитални проекти изнесува 2,3 милиони евра, средства обезбедени преку ИПА фондовите на Европската Унија. Во финална фаза е системот Славишко Поле, а веќе завршен е хидросистемот Чаушица. Вредноста на овие два капитални системи за наводнување е 2,5 милиони евра, средства обезбедени преку ИПА фондовите на Европската Унија“, рече тој.

Од ИПА фондовите одобрени се уште два капитални проекти, изградба на хидросистеми за наводнување во Сопот и Новаци со вредност од 3,5 милиони евра. Со буџетски средства активно се работи на довршување на браната Конско, една од најголемите капитални инвестиции во делот на наводнувањето вредна повеќе од 2,6 милијарди денари.

„Непречено се одвиваат работите на реализација на капиталниот проект Равен Речица кој е во вредност од приближно 1 милијарда денари. Минатата година ја завршивме втората фаза од хидросистемот Јужна вардарска долина 2 во вкупна вредност од 24 милиони евра, со што е обезбедено наводнување на површини од околу 2.000 хектари во валандовско. Со средства германската развојна банка KfW интензивно работиме и на третата фаза од проектот Јужна вардарска долина 3, како и на хидросистемот Лисиче кој ќе опфати наводнување на 3700 хектари земјоделско земјиште во општините Чашка и Велес“, информира министерот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...