fbpx
Таг: министерство

таг: министерство

Нашите политичари со безгрешни души

За разлика од евроамбасадорот Дејвид Гир кој призна дека погрешил што со лидерот на ДУИ се сретнал во кабинетот на првиот вицепремиер, Артан Груби, Ахмети не чувствува непријатност и не ѝ се извини на јавноста за тоа што својот гостин не го пречекал во седиштето на ДУИ во Мала Речица. Зошто ваквите гестови на коректно, културно и цивилизирано однесување,...

Порталб анализа на Буџетот за 2023 година: Помалку за здравството и земјоделството, повеќе за транспортот и одбраната

Буџетот за 2023 година влезе во Собранието. Дел од министерствата ќе си дозволат зголемени трошења, но кај дел ќе има кратење - државни инспекторати и агенции догодина ќе располагаат со помалку пари во однос на годинава. „Порталб“ анализира колку пари министерствата, агенциите и други државни институции ќе имаат за трошење во новата буџетска година. За судство повеќе пари, за дел...

Хидросистемите во функција, започнува сезоната за наводнување

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски заедно со директорот на АД Водостопанство Локман Љимани, извршија увид во работата на хидросистемот Брегалница, од каде го најавија предвременото започнување со работа на системите за наводнување на целата територија во државата. Тие кажаа дека важен дел во производството на земјоделските производи е наводнувањето на обработливите површини. „Системите за наводнување на целата...

Граѓанскиот сектор е иницијатор на објавувањето на отворените податоци

Кога ќе се разгледаат состојбите, Австрија, во последниве пет години, на централно ниво на власта прави помалку на планот на отворените податоци од Северна Македонија, и тоа што е направено во вашата земја за отворањето на податоците од централната власт во последните години е навистина восхитувачко, порача Бернард Крабина од Центар за истражување во јавната администрација (KDZ) од Австрија....

Во собраниска процедура се законските измени за преземање на медицински сестри во ЈЗУ

Министерството за здравство информира дека измените на Законот за здравствена заштита за преземање во јавно здравство, на медицинските сестри кои претходно работеле во приватни здравствени установи, основани под закуп во здравствените домови, заради затворање на приватни здравствени установи ПЗУ и во меѓувреме останале без работа, се во собраниска процедура. Во измените на Законот e внесена oдредба согласно која медицинските сестри,...

МЗШВ презема мерки за заштита на шумите од пожари

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) активно презема мерки за заштита на шумите од појава на пожарите, реагираат од Министерството на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму велат дека министерот Љупчо Николовски презел низа мерки, меѓу кои и тоа што дал согласност за делумна, а потоа и за целосна забрана за движење во шумите или во одделни нејзини делови од 5 август до нејзино...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема фатено дрога не затоа што ја нема, туку зашто е во коалиција со криминалот

МВР под водство на СДС и на неспособниот Оливер Спасовски нема фатено ни грам дрога, не затоа што ја нема, туку затоа што СДС е во коалиција со криминалот, обвини Сашо Павлоски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција денеска. Тој додаде дека приоритет за СДСМ и за Оливер Спасовски било да се пресметаат со сите полициски службеници кои професионално воделе истраги за нарко-дилерите што одработувале...

СДСМ: Стратегијата за бегалците е продолжение на таа што беше донесена во 2008 година

„Граѓаните можат да бидат спокојни. Македонија е декларирана како држава за транзит на бегалци, а со усвојувањето на стратегијата се почитуваат меѓународните стандарди и Конвенцијата за правата на бегалци од 1994 година што Македонија ја има ратификувано“, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за стратегијата за мигрантите. Од партијата велат дека се работи за документ што...

Понеделник е неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека во согласност со Законот за празниците на РМ, 1 јануари 2017 година (недела), Нова година, односно 2 јануари 2017 година (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните на Македонија им ја честита Новата година.

Демонстрантите ја симнаа заштитната завеса од Порта „Македонија“

Демонстрантите од „Шарената револуција“ денеска ја симнаа заштитната завеса која беше поставена на Порта „Македонија“ и повторно фрлаа со боја. Белата завеса денеска беше поставена од градските служби за да не може да биде обоено ова здание од проектот „Скопје 2014“. Пред тоа, на пат кон Собранието, демонстрантите повторно ја обоија зградата на Министерството за правда. https://twitter.com/meta_agency/status/733710522781204480 Инаку, денеска демонстрантите носеа кукли...

Пирок ќе добие колектор за отпадни води 

Министерството за животна средина и просторно планирање финансиски ќе помогне за изградба на колектор за канализацискиот систем во Пирок. Министерството ќе одвои пари и за реконструкција на резервоарот за питка вода во Горно Седларце. За овие два проекти денеска во зградата на Општина Боговиње, договори потпишаа министерот за животна средина, Нурхан Изаири, и градоначалникот на Боговиње, Хазби Идризи. Градоначалникот на Општина Боговиње...

Утре протест по повод годишнината од смртта на Тамара

Утре, во 12 часот, пред Јавното обвинителство во Скопје ќе се одржи протест по повод едногодишнината од смртта на деветгодишната Тамара Димовска од Велес. Организаторите бараат јавниот обвинител итно да покрене обвинение против одговорните за нејзината смрт. Откако настанот беше инициран на социјалната мрежа „Фејсбук“, Јавното обвинителство соопшти дека за овој случај се осомничени повеќе лица. Денеска, само еден ден...

Водици, неработен ден за православните христијани

Верниците од православна вероисповед утре го празнуваат празникот Богојавление, односно Водици, кој се прославува на 19 јануари според верскиот календар. Според Законот за државни празници, за православните верници, вторник, 19 јануари е неработен ден, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Почнува имплементациската фаза на Проектот за прекугранично управување со Дримскиот басен

В среда, на 16 декември, со организирање на почетниот состанок во Тирана, почнува имплементациската фаза на Проектот за прекугранично управување со Дримскиот басен, финансики поддржан од Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ). На состанокот, од македонска страна, ќе се обрати заменик-министерот за животна средина и за просторно планирање, Стево Темелковски, а презентација за проектот ќе одржи  Дејан Пановски, еден од иницијаторите на...

Тодоров нема да поднесе оставка, договорено поголемо обезбедување на Клинички центар

Министерот за здравство, Никола Тодоров, нема да поднесе оставка и покрај тоа што чувствува морална одговорност. - Чувствувам морална одговорност за секој настан што се случува во здравството и сè што ќе се случи, нормално е да ме тангира. Не знам дали некој во светот може да спречи некој кој е со ваков морален код да го направи тоа што го...

МЗ: СДСМ ќе ни овозможи од собраниската говорница да направиме пресек на состојбите во здравството

Министерот за здравство ќе даде одговор на интерпелацијата пред законодавниот дом, се вели во реакција од Министерството за здравство. Оттаму велат дека се благодарни на СДСМ што им дава можност во законодавниот дом да бидат соочени фактите за да се направи разлика каква била состојбата во здравството претходно, а каква е сега. „Со користење на инструментот интерпелација, СДСМ ќе ни овозможи...

Денот на македонската револуционерна борба, 23 октомври, е неработен

Денот на македонската револуционерна борба, 23 октомври 2015 година (петок), е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Од Министерството на граѓаните на Република Македонија им го честитаат Денот на македонската револуционерна борба.

МИОА: Администрацијата брои 128.253 вработени

Во јавниот сектор има 128.253 вработени, официјално потври денеска Министерство за информатичко општество и администрација (МИОА), откако еврокомесарот Јоханес Хан обелодени дека во јавната администрација во земјава работат 185.000 луѓе. Податокот, соопшти МИОА, се однесува на вкупно 1.354 институции, вклучително и на јавните претпријатија. „Со новиот Закон за вработени за јавен сектор, кој стапи на сила во февруари оваа година, Министерството...

Коѕиас пристигна во Македонија

Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас, денеска пристигна во Скопје. Коѕиас ќе се сретне со целиот државен врв, но и со опозицијата, а главни теми се очекува да бидат мерките за градење доверба, како и сите теми од билатерален интерес, спорот за името и интензивирање на соработката. Еднодневната посета почна со средба со неговиот колега Никола Попоски во Министерството за надворешни работи, по...

Доделени сертификати на полицајци специјализирани за обезбедување важни личности

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и турскиот амбасадор во Македонија, Ѓурол Сокменсуер, денеска им доделија сертификати на македонските полицајци кои цела недела учеа вештини за обезбедување важни личности од своите турски колеги. Јанкулоска им се заблагодари на турските колеги со кои соработуваат уште од 2007 година токму во делот на меѓународната полициска обука, која има цел зацврстување на односите помеѓу безбедносните служби на двете...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...