fbpx

Комисија ќе ги истражува причините за смртта на 12-годишното девојче

-

Комисија формирана од Министерството за здравство ќе работи на откривање на причината за смртта на 12-годишното девојче што денеска рано наутро почина на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, соопштуваат од Министерството.

Оттаму побарале итна информација од Клиниката за случајот, од каде биле известени дека девојчето било примено вчеравечер, околу 23 часот, во исклучително тешка здравствена состојба, со сложена гастро-интестинална симптоматологија, по што и покрај укажаните дијагностичко-терапевтски процеруди, починало околу 2 часот утрината.

Комисијата ја сочинуваат доктори од Клиниката за детски болести, Клиниката за анестезиологија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) и од Градската општа болница „8 Септември“ – Скопје.

Комисијата, како што соопштуваат од Министерството за здравство, ќе изврши надзор на работата на матичниот лекар и на матичниот педијатар кои ја воделе пациентката во претходните два дена, за да се испита начинот на дотогашниот третман и лекување, додека членот на Комисијата од КАРИЛ ќе го проверува процесот на водење на пациентката за време на интензивното лекување на Клиниката за инфективни болести.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...