fbpx
Таг: комисија

таг: комисија

Комисијата за импичмент на Иванов денеска на дневен ред во Собранието

Пратениците на денешната 103. пленарна седница во Собранието треба да одлучуваат за формирање Комисија за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов, поради неговата одлука за аболиција на политичари и нивни соработници. Оваа точка не беше дел од дневниот ред, што службата за односи со јавност на Собранието, ја достави утрово до медиумите, за подоцна да биде додадена, како надополнување на агендата на...

Денеска во Собрание ќе се расправа за неколку закони по скратена постапка

Денеска во рамките на 103 седница пратениците ќе треба да расправаат повеќе предлог-закони по скратена постапка, како и за интерпелацијата за работата на претседателката на Комисијата за образование, наука и спорт, Олга Најденовска, поднесена од пратениците од опозицијата. Пратениците треба да ги разгледаат и Извештајот за работата на Агенцијата за администрација и годишните извештаи за работењето на Дирекцијата за заштита...

ВМРО-ДПМНЕ бара апсолутно мнозинство во комисијата за отповикување на Иванов

Шест од вкупно 11 членови во новата комисија која ќе треба да ја оцени основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов да бидат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, предложи Зоран Илиоски, претседател на комисијата за прашањата за изборите и именувањата. Останатите пет члена треба да бидат од СДСМ (2), од ДУИ (2) и од ДПА (1). Опозицијата...

Собраниската комисија ќе расправа дали да се формира комисија за отповикување на Иванов

Денеска на седница на комисијата за прашања на изборите и именувањата која треба да се одржи во 13 часот, пратениците ќе расправаат за предлог-одлуката за основање на Комисија која ќе треба да ја оцени основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов. Барањето за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов, која ја поднесе пратеничката група...

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе листи за пратеници

Народното движење за Македонија (НДМ) и ВМРО-ДПМНЕ се партите што ќе поднесат листи за кандидати за пратеници и кои сигурно ќе учествуваат на изборите, ако се одржат на 5 јуни. НДМ веќе ги достави листите до Државната изборна комисија (ДИК), додека владејачката партија се очекува тоа да го стори попладнево, пренесоа медиумите. Директорот на центарот за комуникации на партијата, Иво...

Пресување, балирање, дробење: Како се уништувала опремата за прислушување во МВР

Незаконско формирање на комисија за попис, уништување на траги, конспиративно носење и уништување на опрема на отпади за старо железо, прикривања, фалсификување на документација, антидатирање на материјали во архивата на Министерството за внатрешни работи (МВР) се дел од работите што осомничените во случајот „Тврдина“ на СЈО ги направиле за да се ослободат од двата системи за прислушување вредни 10...

Обвинителството ја активираше електронската адреса за пријавување изборни нерегуларности

Привремената комисија за следење на изборни нерегуларности, што минатата недела ја формираше републичкиот Јавен обвинител, Марко Зврлевски денеска одржала состанок со граѓанските организации и ја промовирала електронската адреса [email protected], на која можат да се пријавуваат сомненија за сторени кривични дела поврзани со претстојните избори на 5 јуни, соопшти Јавното обвинителство. „Целта на средбата беше да се договори начинот на меѓусебното комуницирање,...

Седницата на Комисијата за политички систем одложена четврти пат

Пратениците од опозицијата не присуствуваа на седница на Комисијата за политички систем, на која требаше да се разгледува извештајот на специјалната јавна обивнителка, Катица Јанева, и денеска таа четврти пат беше одложена. Претседателот на комисијата, Влатко Ѓорчев, повторно кажа дека Јанева не го почитува Уставот и праша како специјалната обвинителка е легитимна ако доставува извештај до, според неа, нелегитимното Собрание и...

Десковска: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да не ја опструираат дебатата за извештајот на СЈО

Вчерашниот театар на ВМРО-ДПМНЕ со непочнувањето на дебата за извештајот на Специјалното јавно обвинителство, денеска се претвори во циркус, обвини пратеничката Рената Тренеска-Десковска. „Очигледно е дека стравот на ВМРО-ДПМНЕ од работата на СЈО ги принудува да се однесуваат хаотично и дополнително да се заплеткуваат во небулозни ситуации, кои значат само дополнително фрлање буџетски пари, пари на граѓаните. Неделовничкото однесување на...

Собраниската комисија за извештајот на СЈО одложена за утре

И денешната седница на Собраниската комисија за политички систем, на која требаше да се разгледува извештајот на Специјалното јавно обвинителство, не се одржа. Повторно, на седницата не дојде ниту еден претставник на СЈО. Претседателот на Комисијата за политички систем, Владимир Ѓорчев, ја одложи седницата за утре во 13 часот. Од Специјалното обвинителство велат дека немаат законска обврска да присуствуваат на разгледување...

Зврлевски формира Комисија за следење на изборни нерегуларности

Јавниот обвинител, Марко Зврлевски, донел одлука за формирање Привремена комисија за следење на евентутални изборни нерегуларности што би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборите закажани на 5 јуни, соопшти попладнево Јавното обвинителство. Членови на комисијата, како што стои во соопштението, се обвинители од Јавното обвинителство, од четирите Виши јавни обвинителства и од Основното јавно обвинителство Скопје. „Членовите на комисијата...

На Јанева не ѝ даваат да дише – секој ја кани, куди и ја прозива

Името на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, минатата седмица, а според редот на најавените настани и оваа недела ќе биде најспоменувано. Сите ја канат, а по нејзиното недоаѓање, ја кудат и ја обвинуваат за непочитување на институциите. А работата поради која овие две недели не ја остават да дише е извештајот за нејзината шестмесечна работа. Минатата недела Јанева до Собранието и...

Недоаѓањето на Јанева во Собранието, повод за нова кавга ВМРО-ДПМНЕ – СДСМ

Ова е прв случај во овие 25 години од независна Македонија, едно избрано или именувано лице да не се појави и да не образложи извештај пред Собранието на Република Македонија, изјави претседателот на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Влатко Ѓорчев, по денешната одложена седница на која требаше да се разгледува шестмесечниот извештај за работата на специјалната...

Извештајот на Јанева денеска пред собраниска комисија

Собраниската комисија за политички системи и односи меѓу заедниците денеска во 11 часот ќе го разгледува извештајот за шестмесечната работа на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Не се очекува Јанева да присуствува на седницата. Специјалната обвинителка не присуствуваше и на седницата на Советот на јавни обвинители за извештајот, во петокот минатата недела, поради што, како што соопшти претседателот на Советот, Петар...

Собранието на 28 март ќе расправа за извештајот на Јанева

Извештајот за работењето на Специјалното јавно обвинителство, кој специјалната обвинителка Катица Јанева го достави до Собранието, на пленарна седница ќе се разгледува на 28 март, потврдија од Собранието. Оттаму велат дека за извештајот најпрво ќе се расправа на седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, која ќе се одржи на 21 март. Според ставот 1 од членот...

Продолжува циркус-расправата за новиот универзитет во собраниската комисија

Членовите на собраниската комисија за образование и денеска со довикување и со зајадливи и навредливи зборови ја продолжија расправата за формирањето на новиот универзитет „Дамјан Груев“. Пратеникот од СДСМ, Бетиан Китев, рече дека пред да се почне со амандманска расправа, мора да се расчисти процедурата според која треба да се дискутира за амандманите и за законот. Тој ја праша претседателката...

Прв чекор кон легализацијата на канабисот за медицински цели

Собраниската комисија за здравство денеска го усвои предлогот за изменување и за дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци во прво читање и го даде на понатамошно разгледување. Измените се однесуваат на легализација и на контролирана употреба на строго контролирани производи од канабис за медицински цели во Македонија. – Потребата од донесување вакво законско решение е желбата...

Мемети: Уште поостро ќе реагирам ако слушнам за заплашувања во администрацијата

Народниот правобранител Иџет Мемети во пресрет на предвремените парламентарни избори ги повика граѓаните да пријавуваат предизборни нерегуларности. „Без разлика кога ќе бидат изборите, граѓаните треба да се охрабрат и да соработуваат со институцијата Народен правобранител и да ги пријават сите предизборни нерегуларности. Досега нема ниту една претставка“, рече Мемети. Според него, најпроблематичен е избирачкиот список. „Ако имаме веродостоен избирачки список, тогаш секој може кредибилно...

Законодавно-правната комисија денеска ќе расправа за новиот универзитет „Дамјан Груев“

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за здравство, за одбрана, Националниот совет за евроинтеграции и Законодавно-правната комисија. Комисијата за здравство треба да ги разгледа предлог-законите за слободните здравствени зони и за центар за извонредност за трансплантациска медицина и хируршки болести, а Комисијата за одбрана - предлог-законот за измена на законот за полиција. Законодавно-правната комисија, пак, ќе одржи...

Расправата за новиот универзитет заглави „процедурално“

Пратениците, членови на Комисијата за образование, сè уште не ја ни почнале амандманската расправа за предлог-законот за отварање на новиот универзитет „Дамјан Груев“ во Скопје, на кој е предвидено да има осум факултети. Членовите на комисијата сè уште процедурално се објаснуваат за тоа дали смее или не смее временски да се ограничи дебатата во комисиските дискусии. Од СДСМ обвинуваат дека новиот...