fbpx

Зврлевски формира Комисија за следење на изборни нерегуларности

-

Јавниот обвинител, Марко Зврлевски, донел одлука за формирање Привремена комисија за следење на евентутални изборни нерегуларности што би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборите закажани на 5 јуни, соопшти попладнево Јавното обвинителство.

Членови на комисијата, како што стои во соопштението, се обвинители од Јавното обвинителство, од четирите Виши јавни обвинителства и од Основното јавно обвинителство Скопје.

„Членовите на комисијата се задолжени да го следат изборниот процес и притоа за сите настани за кои ќе оценат дека даваат индиции за евентуално сторени изборни нерегуларности, да даваат задолженија за итно постапување од надлежните обвинителства“, стои во соопштението на Обвинителството.

Оттаму информираат дека комисијата ќе отвори нова службена електронска адреса за пријавување изборни нерегуларности, на која граѓаните и претставниците на граѓанските организации ќе можат писмено да пријават незаконско постапување во врска со изборите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...