fbpx
Таг: климатски промени

таг: климатски промени

Д-р Шушлевска: Глобалното затоплување ќе го смени целокупниот начин на живеење

Екстремни температури, пожари, поплави, огромни температурни разлики кои се менуваат за само 24 часа се само дел од работите на кои сведочиме, а се дел од климатските промени со кои се соочува светот, нешто што со текот на времето треба да стане „новото нормално“, нешто на што луѓето треба да се прилагодат, но и да ги знаат евентуалните последици...

Објавена финалната нацрт-верзија на Предлог-законот за климатска акција

Министерството за животна средина и просторно планирање ја објави финалната нацрт-верзија на Предлог-законот за климатска акција, долгоочекуван правен акт што треба на земјава да ѝ даде насоки и да постави цели во напорите за намалување на емисиите на стакленички гасови, како и за адаптација и градење отпорност кон климатските промени. С. Македонија постави високи цели со прифаќањето на обврските од...

Единаесет загинати во Пекинг, четврти ден обилни дождови го преплавуваат градот

Единаесет лица загинаа поради обилните врнежи во Пекинг, пренесува „Гардијан“ повикувајќи се на кинески државни медиуми. Немилосрдните дождови во главниот кинески град продолжуваат веќе четврти ден. Уште 27 лица се водат како исчезнати до овој момент, објави државната кинеска телевизија „CCTV“, откако тајфунот Доксури донесе непрекинати врнежи и поплави во северниот дел на Кина. Водостојот на реките достигна опасни нивоа, што...

Шпанската министерка не отишла на конференција за климатски промени со приватен авион

Според демантот на шпанското Министерство за еколошка транзиција, со кое го раководи Тереса Рибера, таа на состанокот не патувала со авион, ниту комерцијален, ниту институционален. Странските медиуми објавија и видеоматеријали од доаѓањето на Рибера на конференцијата за климатски промени, на кои се гледа дека таа не се прекачила од автомобил на велосипед само 100 метри пред зградата каде се одржувал состанокот,...

Топлотниот бран во Европа не би се случил ако не беа климатските промени

Климатските промени влијаат на појавата на топлотни бранови, кои последниот месец ја зафатија Европа, Северна Америка и Кина, пишуваат во својот нов извештај, од од Светската временска атрибуција, која претставува соработка на меѓународни климатолози. Во анализата се посочува дека без влијанието на климатските промени, топлотниот бран во Европа и Северна Америка би бил „речиси невозможен“. Во Кина, пак, климатските промени...

Суровоста на климатските промени: oд невреме и поплави до екстремни горештини [инфографик]

Обилни дождови, невреме и поплави, за само седум дена подоцна да биде прогласена портокалова фаза на високи температури. Две временски екстреми за многу краток период ја погодија Северна Македонија летово, што, според експертите, укажува на тоа дека и земјава го чувствува разорното влијание од климатските промени. Прогнозите за иднината на македонското поднебје се зачестени топлотни бранови и намалени ледени...

Токму јаглерод диоксидот, испуштен од човекот во атмосферата, придонесува за климатските промени

Причината за глобалното затоплување е човечки фактор, најмногу поради придонесот на емисии на CO2 во атмосферата. Наводното испуштање „од авиони на милиони тони тешки метали“ нема никаква врска со ефектот на стаклена градина, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Во објава на социјалната мрежа Фејсбук, заедно со фотографија од агрегаторот Time.mk со наслови поврзани за актуелниот...

Невремето во Словенија нема никаква врска со ХААРП

Силното невреме кое ја погоди Словенија, не е резултат на ХААРП, туку е природна појава. Станува збор за суперклеточна бура со грмотевици која се карактеризира со присуство на мезоциклон: длабок, упорно ротирачки нагорен проток. Поради ова, овие бури понекогаш се нарекуваат ротирачки грмотевици. Научниците и метеоролозите велат дека ХААРП не може да го промени времето, пишува „Вистиномер“ во својата...

Се заканува ново силно невреме, вчерашното заврши со повеќе жртви

По силното невреме кое вчера го погоди регионот, Дирекцијата за цивилна заштита на Министерството за внатрешни работи на Хрватска соопшти дека доаѓа нова облачност од Славонија и дека се можни врнежи со грмежи. Тие објавија и инструкции на Твитер како луѓето да се однесуваат во екот на невремето, од кои една од најважните е да се остане во затворени простории. 🔴🟠Crveno...

ОН: Топлотните бранови се новото нормално – САД и Кина надминаа 50 степени Целзиусови

Екстремните температури што ја зафатија земјината топка неделава, се новото нормално во светот загреан од климатските промени, соопшти метеоролошката агенција на Обединетите нации. Во делови од САД и Кина температурите во неделата надминаа 50 степени Целзиусови, пренесува Би-би-си. Светската метеоролошка организација предупреди дека топлотниот бран во Европа може да продолжи и во август. Милиони луѓе ширум светот се под мерки и...

Турција со пеколни температури – жителите и туристите бегаат по околните острови [фото-вест]

Турција, исто како и многу делови од светот се бори со последиците од климатските промени, со оглед на тоа што и таму се засилува жешкиот топлотен бран. Редакцијата на Мета.мк пренесува дел од атмосферата во Истанбул, каде што голем број жители и туристи деновиве се упатуваат на разладување кон околните острови, чекајќи ред за траект. Канцеларијата на гувернерот на Истанбул...

Најжешкиот јуни: глобалната површинска температура за еден степен повисока од просекот во 20 век

Планетатa Земја тукушто го претрпе најжешкиот јуни, откако се мерат глобалните температури. Светската глобална површинска температура била за 1,05 степени Целзиусови повисока од просекот во 20. век. Ова е првпат оваа бројка, на месечно ниво, да е повисока за еден степен Целзиусов, известуваат од американската Национална океанска и атмосферска администрација. Месецот што измина бил за 0,13 степени потопол од претходниот...

ХААРП ниту е, ниту може да биде виновен за климатските промени

Дури 97 проценти од климатските научници ширум светот се согласуваат дека климатските промени се реални и во дени од човековата активност. Во научниот свет тоа е консензус. ХААРП, е високо фреквентна активна истражувачка програма на поларната светлина, но теоретичарите на заговор велат дека ХААРП е дизајниран да произведува земјотреси и други природни катастрофи, како и промена на временските услови. Сепак,...

Управување со отпад и со води – најтежок дел од билатералниот скрининг за животна средина

Клучни согледувања од билатералниот скрининг за Поглавје 27 – Животна средина и климатски промени, како дел од Кластер 4 покажаа дека државата е на добар пат, дека во некои области е во напредна фаза, но во други е во почетна или е соочена со силни предизвици во понатамошно усогласување на националното законодавство со европското. Ова се вели во соопштението на...

Османи: Климатските промени се закануваат на стабилноста на нашите опшества

Климатските промени не само што создаваат видлива штета врз животната средина, туку нивното сè повидливо влијание се заканува и на стабилноста на нашите општества преку менување на севкупните услови за живот. Војните и конфликтите, руската воена агресија против Украина, дополнително ги влошуваат веќе сложените еколошки околности. Ова го истакна претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи во...

Обесшумувањето во Амазон намалено за третина

Бразилската влада извести дека во првите шест месеци на оваа година, за време на претседателствувањето со земјата на Луиз Инасио Лула да Силва, во Амазон се исекле дрва на површина од 2.649 квадратни километри. Во истиот период претходната година, таа цифра изнесувала 3.988 квадратни километри, пишува Би-би-си. Лула има ветено дека до 2030 година ќе стави крај на обесшумувањето на...

Започна скринингот на Поглавјето 27, законите за животна средина европски, но без имплементација

Усогласувањето на националното со европското законодавство во најкомплексното Поглавје 27, посветено на животната средина и климатските промени е во тек, но посебен предизвик е неговата имплементација, порача министерката за животна средина Каја Шукова од Брисел, каде денеска започна билатералниот скрининг за Поглавјето 27 што ќе траe до 7 Јули. На скринингот пред Европската комисија преку 75 презентации ќе бидат...

Апсурд: Најголем дел од водата за пиење се губи пред да стигне до граѓаните [инфографик]

Наместо да ја користат граѓаните или компаниите, најголемото количество од водата за пиење во Македонија се губи во водоводните системи на јавните претпријатија. Загубите на вода за пиење во услови на непредвидливите климатски промени со кои се соочува земјава не се сфаќаат сериозно, што пак може во иднина да доведе до сериозни проблеми со водоснабдувањето во некои општини. Според најновите...

Климатските промени се реалност, а не резултат на ХАРП и прскање од авиони

Климатските промени и глобалното затоплување се многу реални и докажани од научници, а прскањето со авиони и обвинувањето на ХАРП за елементарните непогоди коишто се случуваат низ светот, се едни од најраспространетите теории на заговор, пишува Вистиномер.   Текстот подолу го пренесуваме во целост: Објава на социјалните мрежи шири дезинформации дека глобалното затоплување не постои и дека климатските промени, всушност се резултат...

Нивото на Преспанското Езеро непрекинато опаѓа, бавно се спроведуваат мерките за заштита

Водите на Преспанското Езеро не престануваат да се повлекуваат, а штетните последици од губењето на езерските води засега недоволно ги алармираат одговорните власти за преземање конкретни чекори кои ќе водат кон заштита на второто по големина природно езеро во земјава. Кога Мета.мк во август лани пишуваше на оваа тема, водостојот на Преспанското Езеро кај мерната станица Наколец изнесуваше 842,33 mнм...

Нови 44 случаи на пертусис, вкупната бројка на заболени достигна 597

Во последната недела пријавени се 44 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 3 пати споредено со претходниот седмодневен период, информира Институтот за јавно здравје во последниот извештај...