fbpx
Таг: изјава

таг: изјава

Германско МНР: Неумесна е изјавата на Иванов за амбасадорката Алтхаузер

Германското Министерството за надворешни работи денеска ја оцени како неумесна изјавата на претседателот Ѓорге Иванов дека амбасадорката на Германија, Кристине Алтхаузер, пренесува лажни информации во Берлин. „Се радуваме што претседателот Иванов по долго размислување дојде до вистинска одлука и се откажа од ставот на блокирање. Обвинувањата упатени кон германски дипломати и кон други пријателски држави се неумесни. Како што е...

Ромео: Се надеваме дека новата влада ќе работи на воведување реформи

„Искрено се надеваме дека оваа долготрајна политичка криза ќе заврши, пред сè поради граѓаните, затоа што тие тоа го заслужуваат“, одговори италијанскиот амбасадор Карло Ромео на новинарско прашање за доделувањето на мандатот од страна на претседателот Ѓорге Иванов на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, при денешната посета на Штип. - Се надеваме дека новата влада ќе работи на подобрување на...

Заев: Новата влада ќе гради граѓанска, унитарна и европска Македонија

„Мандатот го добив и очекувам многу наскоро да ја составам новата влада. Како мандатар и иден премиер, се обврзувам дека новата влада ќе гради граѓанска, унитарна и европска Македонија. Сите сили ќе ги насочиме кон тоа да изградиме праведна и правна држава“, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во изјава откако го доби мандатот за составување на новата влада од...

Србија ќе се обрати во ОН поради изјавите на Вокер за Голема Албанија

Србија ќе се обрати во Обединети нации поради изјавите на поранешниот шеф на верификационата комисија на ОБСЕ на Косово, Вилијам Вокер, дека работи на проектот за создавање на „голема Албанија“. Ставовите на Србија ќе ги пренесе министерката за правда, Нела Кубуровиќ, која на 16 мај ќе учествува на седница на Советот за безбедност на ОН, на која ќе биде разгледан редовниот...

Велика Британија го поддржа изборот на Џафери, бара ненасилен трансфер на власта

Портпаролката на канцеларијата за надворешни работи на Велика Британија го поздрави изборот на нов претседател на Собранието на РМ и апелира за непречен и ненасилен трансфер на власта на избраната мнозинска коалиција. „Обединетото Кралство ја поддржува демократската одлука на мнозинството пратеници во Македонија да го изберат Талат Џафери за претседател на Собранието. Подготвени сме за претстојната соработка со него. Ги повикуваме сите...

Жбогар за „Мета“: Многу време се изгуби, да се продолжи со формирање на институциите

Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, амбасадорот Самуел Жбогар, денеска во Собранието прв се сретна со новоизбраниот претседател на законодавниот дом, Талат Џафери, кому ја посочил подготвеноста на ЕУ за соработка со него и со парламентот. Во изјава за „Мета“, по завршувањето на средбата, Жбогар рече дека досега многу време се изгубило и дека треба да се продолжи со процесот...

Вајгл демантира дека пренесол нешто што Груевски му го кажал

Известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл, денеска во изјава за државната новинска агенција МИА демантира дека тој за некој медиум изјавил нешто во врска со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и дека пренесувал нешто што Груевски му го кажал нему при нивната последна средба во Скопје. – Јас како човек никогаш не персонифицирам одговорност и не се плеткам...

ВМРО-ДПМНЕ: Вајгл да ги демантира или да се извини за политичките манипулации

Европратеникот Иво Вајгл или нешто не разбрал или свесно се става на страна аболираниот криминалец Зоран Заев и на неговите сценаристи со пласирање лаги и измислици, доколку воопшто дал таква изјава каква што е објавена, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Вајгл дека лидерот на партијата Никола Груевски, ќе оди до крај, бидејќи не сака да оди...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев избира меѓу интересите на Македонците и намерите на Села

Заев избира меѓу интересите на мнозинството Македонци и намерите на Зијадин Села, кој од позиција на влада сите Македонци во Струга сака да ги избрка од работа и да ги прогласи за технолошки вишок, стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. „Регионалните министерства тука во Струга нема да имаат вработени 20 отсто Албанци или 10 отсто или ниту еден, туку 65...

Дода пак провоцира: ФИРОМ е лабораторија за албанофобија, јас ќе одам во Илирида

Албанската пратеничка Месила Дода преку својот фејсбук-профил одговори на реакцијата на СДСМ во однос на нејзината изјава дадена пред неколку дена во Дебар, каде таа кажа дека Македонија не постои, дека тоа е стара албанска покраина и се вика Илирида. „Читам во медиумите дека во ФИРОМ побарале да ме прогласат за персона нон грата. Не е проблем тоа за мене,...

Столтенберг: Собрани се потписи, очекувам властите да го исполнат следниот чекор

„По еден обид да се формира влада, а во согласност со барањата утврдени од страна на претседателот, сега се собрани доволно потписи од пратениците. Очекувам властите во Скопје да го исполнат следниот чекор во демократскиот процес“, вели во пишаната изјава генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, а по повод политичките случувања во државата. Тој ги повикува сите страни на воздржаност во изјавите...

Хан: Откако се собраа доволно потписи очекуваме претседателот да го даде мандатот

„Откако се собраа доволно потписи за пратеници, со нетрпение ги очекуваме следните чекори. Сега очекуваме претседателот да му даде мандат за формирање на нова влада на кандидатот од партиите што имаат мнозинство во Собранието, во согласност со Уставот“, се вели во изјавата на еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, на веб-страницата на Европската комисија, откако ДУИ синоќа...

Рорабакер се извини за изјавата дека Македонија не е држава и треба да се подели

Републиканскиот конгресмен на Калифорнија и претседавач на поткомитетот за Европа и Евроазија, Дана Рорабакер, се извини за неговата неодамнешна, контраверзна изјава во интервју за „Визион плус“ од Тирана каде рече дека Македонија треба да се подели. Тој во официјална изјава рече дека Македонија е легитимна држава со право на самоопределување и почитување на границите. „Мојот коментар алудираше, можеби погрешно, на мојата...

Кула: ДУИ не коалицираше со ВМРО-ДПМНЕ поради медиумите на Сорос

Албанскиот експерт за регионални прашања, Илир Кула, во емисијата „Комитети“ зборувал за влијанието на фондациите на Џорџ Сорос во Албанија и во Македонија, јавува дописничката на „Мета“ од Тирана. Во однос на Македонија, тој истакнал дека поради влијанието на Сорос, ДУИ не можела да постигне договор со ВМРО-ДПМНЕ. Кула изјавил дека „Сорос преку медиумите ја предупредил ДУИ дека ќе си изврши...

„Политико“: Рорабакер е омилениот конгресмен на Путин

„Ова лето (2016 година, н.з.) републиканцот Дана Рорабакер искористил информација што ја дoбил директно од руската влада за да промовира еден од главните приоритети на претседателот Владимир Путин: отстранувањето на името на рускиот адвокат Сергеј Магнитски од глобалниот антикорупциски закон“. Вака почнува текстот со наслов „Омилениот конгресмен на Путин“ на американскиот интернет-магазин „Политико“, објавен на 23 ноември 2016 година, две...

САД за изјавите Рорабакер: Го поддржуваме територијалниот интегритет на Македонија

„Соединетите Американски Држави го признаваат и го поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија и оваа позиција не е променeта“. Ова го изјавил за „Гласот на Америка“ на албански јазик висок неименуван функционер на американскиот Стејт департмент, а во врска со изјавата на републиканскиот конгресмен Дана Рорабакер. Изјавата  е безмалку идентична со изјавата што минатата недела ја даде портпаролот...

Заев: Очекувам Иванов да ми го даде мандатот, сè друго би било неуставно

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска на прес-конференција изјави дека очекува од претседателот на државата, Ѓорге Иванов, да му го додели мандатот за формирање на нова влада, бидејќи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во изминатите 20 дена не успеа да состави владина коалиција. - Груевски никогаш повеќе нема да биде премиер. Се докажа дека Груевски го нема потребното мнозинство за...

Поделеност помеѓу Ахмети и членовите на партијата за коалициониот партнер

Неофицијално, седницата на централното претседателство на ДУИ во Мала Речица почнала со голема поделеност помеѓу членовите на партијата, така што лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и неговите најблиски соработници сакале да продолжи соработката со ВМРО-ДПМНЕ, а потпретседателите не се согласувале со ваквата одлука и биле за коалиција со СДСМ. Поделеност во однос на коалицирањето со ВМРО-ДПМНЕ имало и во новиот...

Расправа за името, знамето, химната и за грбот, побараа Ахмети, Касами и Села од новата влада

Претставници на албанските политички партии во Македонија, ДУИ, Беса и Алијансата за Албанците, денеска ја промовираа „Заедничката платформа на албанските парламентарни партии во Македонија“ за, како што се наведува, „реализација во идниот владин мандат и/или во секој понатамошен мандат“. Платформата се состои од седум главни точки во кои, меѓу другото, се наведени и следните предлози, односно цели: Албанците да се сметаат...

ОМД бара Дачиќ да се извини за изјавата за Македонија

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја осуди изјавата на министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, дадена на почетокот на оваа недела, во која, тој изрази жалење што Србија ја призна Македонија под нејзиното уставно име. „Сметаме дека ваквите испади, чија цел е собирање евтини политички поени воопшто не му доликуваат на министер на држава со евроинтеграциски аспирации. Дачиќ треба...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...