Вајгл демантира дека пренесол нешто што Груевски му го кажал

-

Известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл, денеска во изјава за државната новинска агенција МИА демантира дека тој за некој медиум изјавил нешто во врска со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и дека пренесувал нешто што Груевски му го кажал нему при нивната последна средба во Скопје.

– Јас како човек никогаш не персонифицирам одговорност и не се плеткам во македонската политика со прозивки на некои имиња и луѓе. Јас не знам да ја редуцирам вината на некое одредено име. Јас зборував за тоа што и претходно го кажав за „Нова ТВ“, а се разбира тоа е дека Македонија мора да ја доживее својата катарза на сопствената политика и патот за понатаму е и преку тоа што го прави Специјалното јавно обвинителство. Доколку се утврди низ правосудството дека постои некаква индивидуална одговорност на кој било, тогаш тој, се разбира, ќе мора во правната држава за тоа да сноси консеквенци – вели Вајгл.

На прашањето дали тој лично во некоја изјава или интервју го споменал поранешниот премиер Груевски и нешто што наводно претседателот на ВМРО-ДПМНЕ му го кажал лично, словенечниот европратеник демантира дека зборувал нешто такво.

Медиумите вчера пренесоа изјава од европратеникот Иво Вајгел за турската новинска агенција „Анадолија“, во која европратеникот вели дека Груевски рекол дека ќе инсистира до крај затоа што не му се оди во затвор.

„Најкарактеристична е, сепак, изјавата што ни ја даде Никола Груевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, дека ќе инсистира до крај, дека не му се оди во затвор. Доколку тој е мотивот на сето ова, тогаш тоа значи дека уште долго нема да има компромиси“, ја цитираше „Ал Џезеира“ изјавата на Вајгл дадена за „Анадолија“.

Работилница за справување со дезинформации: Аплицирајте за обука, платено практикантство и можна посета на САД

Од 19 до 21 февруари во Тетово ќе се одржи тридневната работилница на тема Справување со дезинформации. Конкурсот за оваа работилница е во тек и на него може да се пријават...

Владата ги повика на консултации невладините организации за Извештајот за состојбата на НВО во 2024 година

Владата денеска упати јавен повик до невладините организации да земаат активно учество во изготвување на Извештајот за условите во кои работеа невладините организации во 2024 година. „Одделението за соработка со невладини организации...

Началникот на Генералштабот на Армијата на конференција на Воениот комитет на НАТО

Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-мајор Сашко Лафчиски, од утре ќе престојува на редовната конференција на Воениот комитет на НАТО во формат на началници на Генералштабови од...

Наставниците немаат доволно ресурси за да реализираат настава, утврдиле инспекторите

Во училиштата нема доволно дидактички материјали и дидактички ресурси за реализирање на наставата на сите наставни јазици (во тој опфат спаѓаат и асистивни технологии за ученици со посебни образовни потреби). Специјализираните...

Работилница за справување со дезинформации: Аплицирајте за обука, платено практикантство и можна посета на САД

Од 19 до 21 февруари во Тетово ќе се одржи тридневната работилница на тема Справување со дезинформации. Конкурсот за оваа работилница е во тек и на него може да...