fbpx
Таг: изјава

таг: изјава

Груевски: Ќе се повлечам кога ќе дојде време во согласност со законскиот рок

Датумот на повлекување од функцијата ќе биде кога ќе му дојде времето во согласност со законскиот рок. Вака премиерот Никола Груевски, на денешната прес-конференција, одговори на новинарско прашање за тоа кога ќе се повлече од премиерската функција во согласност со Договорот од Пржино. Тој избегна да одговори кој од редовите на партијата би можел да биде негов наследник. Во однос на...

Заев: Груевски ја нокаутираше Македонија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска во Општина Струмица, одговарајќи на новинарско прашање за интервјуто на премиерот Никола Груевски, во кое тој политичката ситуација ја споредува со бокс-меч, рече дека најверојатно премиерот се кае поради тоа што не дал оставка, па затоа се претставува како боксер во некој ринг. - Во рингот на Никола Груевски од една страна се тој и...

Што напишаа, а што, всушност, сакаа да кажат амбасадорите?

До политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино, и до Владата, а пред сè до владејачката ВМРО-ДПМНЕ и до нејзниот лидер и премиер, Никола Груевски, амбасадорите вчера ја испратија досега најјасната порака, која и покрај својата експлицитност, сепак, беше пренесена на дипломатски јазик. Доколку амбасадорите на САД, Велика Британија, Германија, Франција, Италија и на Европската унија (ЕУ) решеа да ги...

Груевски на странците им твитна стар говор како одговор

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Владата, премиерот и партиски лидер, Никола Груевски, не излегоа со официјална реакција на изјавата на амбасадорите, туку својот став посредно им го соопштија на странците преку твитер-профилот на Груевски. Неколку часа по изјавата на амбасадорите, во која тие ги повикаа политичките партии да се држат до обврските од Договорот во Пржино, давајќи му акцент на делот кој се...

Котевски: Изјавата на амбасадорите не ја коментираме, нашите ставови се јасни

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ останува на своите ставови и нема да ја кометира денешната изјава на амбасадорите, кои ги повикаа двете најголеми политички партии да се држат до своите обврски од Договорот во Пржино, изјави за „Мета“ директорот на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски. - Не би ја коментирале изјавата на амбасадорите. Ставовите на ВМРО-ДПМНЕ се јасни и досега повеќепати...

Амбасадорите порачаа: ВМРО-ДПМНЕ да го почитува Пржино, СДСМ да не објавува „бомби“

Амбасадорите на САД, Велика Британија, Франција, Германија, Италија и на Европската унија денеска пред Влада прочитаа заедничка изјава за политичката криза и за Договорот од Пржино со која ги повикаа од ВМРО-ДПМНЕ да ги почитуваат обврските што ги прифатиле во Пржино, а од СДСМ да продолжат да ги исполнуваат нивните обврски од договорот, вклучувајќи ја и таа да не објавуваат повеќе...

Ван Хојте: Работната група се фокусира на билатерални средби за клучните прашања

Земајќи ги предвид последните случувања, работна група се договорила да се фокусира на билатерални средби за да се решат двете клучни прашања, односно изборот на преостанатите јавни обвинители во Специјалното јавно обвинителство и именувањето на министри и на заменици-министри во Владата, изјави белгискиот олеснувач Питер ван Хојте. Според него, откако ќе се постигне договор, ќе се свика средба со работна група, која официјално...

ВМРО-ДПМНЕ: Стравот од изборен пораз го тера Заев да измислува нереални решенија

„Наредните месеци, насекаде каде што ќе оди Зоран Заев ќе ја повторува лагата за средна класа со 850 евра месечно за секое семејство, како што неговите претходници во партијата ветуваа по еден вработен од секое семејство“, стои во реакцијата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дадена при неговата денешна посета на Штип. Од ВМРО-ДПМНЕ велат...

СДСМ: Кризата со мигрантите не се решава со огради, туку со системски решенија

„Никола Груевски и неговите следбеници, како Никола Попоски, знаат само да поставуваат огради и да креваат ѕидови. Кризата со мигрантите не се решава со огради, туку со системски решенија“, велат од СДСМ. „Очигледно, власта на Груевски нема капацитет да се справи со бегалската криза и не може да обезбеди сигурен транзит на мигрантите низ државата. Штрајкот на машиновозачите, поради неисплатени...

Величковски: Попоски нека си го оградува партиското седиште, а не границата

Основно прашање денес е како Македонија може да помогне и како да се вклопи во европските напори и мерки за надминување на бегалската криза, а не како да постави жичена ограда на македонско-грчката граница, вели претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски, по вчерашната изјава на министерот за надворешни работи, Никола Попоски. - Додека во Германија вчера беа соединети семејства на...

Трамп: Сите илегални мигранти ќе ги испратам дома

Кандидатот на Републиканската партија за номинација на претседателските избори во САД, Доналд Трамп, изјави дека ако влезе во Белата куќа, ќе ги депортира сите илегални мигранти и дека ќе ги укине новите закони за имиграција кои ги воведе сегашниот претседател Барак Обама. - Нема да ги разделуваме семејствата, но тие едноставно ќе мора да одат – рекол Трамп во објавениот...

ММФ: Власта да го скрати трошењето на народните пари

Домашната политичка несигурност и кризата во Грција, најверојатно, ќе го забават темпото на економски пораст, оценува мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во својата завршна изјава по еднонеделното скенирање на економијата во земјава. Претставниците на ММФ, предводени од шефот на мисијата Џесмин Рахман, заклучија дека продлабочувањето на кризата во Грција може да претставува значителен ризик. ММФ проценува дека економијата годинава ќе...

Варуфакис: Ова е свет момент за надежта

Грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, го оцени денешниот референдум како свет момент за надежта. Истакна дека по пет години неуспеси и неможнoст да го каже своето мислење, грчкиот народ конечно има можност да се произнесе за последниот предлог на европските кредитори и на Еврогрупата. - Ова е свет момент кој дава надеж на Европа дека заедничката валута и демократијата може...

Лоренс Оер: Преговорите за излез од кризата да продолжат во ист формат

Ние го поддржуваме комесарот Хан и истакнуваме дека преговорите треба да продолжат во ист формат за да се даде можност да се најде консензус за политичката криза во Македонија, изјави амбасадорката на Франција во Македонија, Лоренс Оер. Ова е прва реакција од меѓународната заедница по неуспешните преговори вчера во Брисел. Таа, на денешната конференција на помирување, организирана од Правниот факултет при Државниот...

СДСМ чека изјава од Хан, од Брисел молк

Еврокомесарот за проширување денеска нема да има изјава за медиумите, како што беше наведено во петочното соопштение на СДСМ, по телефонскиот разговор на Зоран Заев со Јоханес Хан, дознава „Мета“ од извори од Брисел. Дознаваме дека засега нема точно определено ниту време кога би се одржала, ниту во кој формат, односно дали на средбата би присуствувале и тројцата европарламентарци Кукан,...

Јанкулоска: СДСМ нека ми побара оставка во Собранието

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на вонредната прес-конференција во Владата рече дека одлучила да изреагира затоа што смета дека Зоран Заев со објавувањето на разговорите прави само штета и се обидува да ги манипулира граѓаните. Таа вели дека разговорите не се нејзини и дека се креирани, лепени, сечени и не чувствува одговорност за кажаното во разговорите затоа што, како што рече,...

СДСМ: Јанкулоска не е во позиција да одредува процедури

Гордана Јанкулоска не е во позиција да одредува процедури, реагира Социјалдемократскиот сојуз на изјава на министерката за внатрешни работи. „Јанкулоска е меѓу оние поради кои Владата на Никола Груевски нема легитимитет и мора да замине“, стои во писмената реакција на СДСМ. Во дописот од СДСМ не е наведено на која изјава на Јанкулоска конкретно се однесува реакцијата, но најверојатно станува збор...

Груевски за Јуратовиќ: Човекот, веројатно, не е целосно информиран

На денешната промоција на нови дела од едицијата „Македонски искушенија“, премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на известувачот за Западен Балкан, пратеникот Јосип Јуратовиќ, кој во германскиот Бундестаг оцени дека повикувањето на странските служби како одговорни за прислушувањето во Македонија се евтини изговори, рече дека пратеникот не бил целосно информиран, објави „Нова ТВ“. - Човекот, веројатно, не...

Сите се налепија на две недели стара изјава на Алфеев за спорот МПЦ-ОА – СПЦ

Изјавата во која митрополитот на руската православна црква Иларион Алфеев зборува за спорот меѓу МПЦ-ОА и СПЦ и понудата за посредништво од страна на РПЦ, која денеска ја пренесуваат српските медиуми, повикувајќи се Верската информативна агнеција (ВИА), а која беше преземена од повеќе македоски портали, е дел од интервју на волоколамскиот митрополит дадена за Бугарското национално радио (БНР), за...

Македонците во Албанија вознемирени од изјавата на поглаварот на ИВЗ

Изјавата на поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, реис-ул-улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи, дадена за „Лајм“, а во која тој тврди дека „Македонци муслимани не постојат и дека тие се ѓаволско дело и претставуваат ин-витро нација, создадена од партијата ВМРО-ДПМНЕ“, наиде на остра осуда меѓу Македонците во Албанија. Досега, официјално реагираа Македонско друштво „Илинден“ од Тирана и разгранокот...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...