fbpx

Ван Хојте: Работната група се фокусира на билатерални средби за клучните прашања

-

Земајќи ги предвид последните случувања, работна група се договорила да се фокусира на билатерални средби за да се решат двете клучни прашања, односно изборот на преостанатите јавни обвинители во Специјалното јавно обвинителство и именувањето на министри и на заменици-министри во Владата, изјави белгискиот олеснувач Питер ван Хојте.

Според него, откако ќе се постигне договор, ќе се свика средба со работна група, која официјално ќе ги одобри одлуките што се донесени за време на билатералните средби. Ван Хојте, кој е вклучен во преговорите, смета дека треба да се избегне какво било одложување на спроведувањето на Договорот од Пржино. Тој порачува дека е во интерес на сите граѓани на Македонија да се продолжи со имплементација на прашањата опфатени во договорот, за да не се загрози интеграцијата на земјата во НАТО и во ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...