fbpx

Груевски за Јуратовиќ: Човекот, веројатно, не е целосно информиран

-

На денешната промоција на нови дела од едицијата „Македонски искушенија“, премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на известувачот за Западен Балкан, пратеникот Јосип Јуратовиќ, кој во германскиот Бундестаг оцени дека повикувањето на странските служби како одговорни за прислушувањето во Македонија се евтини изговори, рече дека пратеникот не бил целосно информиран, објави „Нова ТВ“.

– Човекот, веројатно, не е целосно информиран и дава политички став без да ги има сите информации. Се разбира дека прислушувањата се нелегални, овие што ги презентира господинот Заев – рече Груевски на денешната промоција на нови дела од едицијата „Македонски искушенија“.

Груевски вели дека не игнорира ништо што се случува во земјава, но, според него, не секој целосно информиран дава изјави за политичката ситуација.

– Македонија има влада и таа е подготвена да работи до завршување на нејзиниот мандат – посочи Груевски.

Ставот на пратеникот Јуратовиќ доаѓа од вчерашната расправа на Комисијата за надворешни работи на германскиот Бундестаг за актуелните случувања во Македонија.

Јуратовиќ, меѓу другото, ѝ препорача на македонската влада да изнајде други изговори за скандалот со прислушување што се обелодени во земјава.

– Ние распознаваме што е изговор, а што е факт. Им препорачувам, ако веќе бараат изговори, да користат некои други, бидејќи овие потсетуваат на тие од комунистичките времиња, кога се бараа странските непријатели. Македонија нема непријатели, има пријатели. Таа политика на посочување некакви странски агенти, некакви постојани заговори против државата, едноставно е неисплатлива – изјавил Јуратовиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Што може, а што не, ВМРО-ДПМНЕ ќе покаже по избори ако ja освои власта

Двете цврсти тврдења на Ковачевски за ВМРО-ДПМНЕ дека е партија која не може да донесе никави позитивни промени и дека е партија која е против членството на С. Македонија...