fbpx

ММФ: Власта да го скрати трошењето на народните пари

-

Домашната политичка несигурност и кризата во Грција, најверојатно, ќе го забават темпото на економски пораст, оценува мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во својата завршна изјава по еднонеделното скенирање на економијата во земјава.

Претставниците на ММФ, предводени од шефот на мисијата Џесмин Рахман, заклучија дека продлабочувањето на кризата во Грција може да претставува значителен ризик.

ММФ проценува дека економијата годинава ќе оствари пораст од 3,2 отсто, а се базира на инвестициите во јавната инфраструктура, силниот пораст на кредитите, подобрувањето на пазарот на работна сила и на извозот.

„Власта треба да прави континуирани напори за обезбедување полесен пристап до кредити за приватниот сектор, скратување на задоцнувањето на наплатата, вклучувајќи ја и наплатата од јавниот сектор, повеќе предвидлива законска и регулаторна рамка, како и понатамошното поедноставување на улогата на бројни инспекциски тела“, оценува ММФ.

Фондот проценува дека зголемените трошења од буџетот од почетокот на годината за плати за полициските сили и дополнителните расходи произлезени од влошената безбедносна ситуација, од една страна, и послабата наплата на ДДВ и неданочните приходи, од друга, ќе го зголемат дефицитот од 3,4 проценти од БДП на околу 4 проценти од БДП.

„Ребалансот на буџетот, кој моментално се разгледува, треба да ги идентификува мерките за надоместување, вклучувајќи и намалување на трошоците за стоки и услуги и за субвенции, како и собирање на заостанатите даноци, а сите приходи поголеми од планираните треба да се зачуваат за да се обезбеди фискален резултат што во голема мера ќе биде во согласност со првичниот буџет“, пишува во извештајот на ММФ.

Фондот сугерира власта да ги намали трошењата на народните пари во следниот период, со што дефицитот во буџетот ќе се намали под 3 отсто од БДП.

ММФ проценува дека финансискиот сектор останува здрав, а банките, вклучувајќи ги и двете грчки подружници, се добро капитализирани.

„Ризиците за прелевање на состојбите од Грција врз финансискиот сектор највнимателно се следат. Засилениот надзор, кој се применува во моментов, е оправдан за да се спречат ефектите на можното загрозување од грчката криза“, велат од ММФ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...