fbpx

СДСМ чека изјава од Хан, од Брисел молк

-

Еврокомесарот за проширување денеска нема да има изјава за медиумите, како што беше наведено во петочното соопштение на СДСМ, по телефонскиот разговор на Зоран Заев со Јоханес Хан, дознава „Мета“ од извори од Брисел.

Дознаваме дека засега нема точно определено ниту време кога би се одржала, ниту во кој формат, односно дали на средбата би присуствувале и тројцата европарламентарци Кукан, Вајгл и Ховит.

Имено, по телефонскиот разговор помеѓу Хан и Заев, а кој се случи по јавното откажување од преговарачкиот процес на лидерот на опозицискиот СДСМ, партијата издаде соопштение во кое се вели:

„Во разговорот, комесарот Хан јасно и прецизно ги потврди наводите на ОБСЕ/ОДИХР за неадекватна раздвоеност на државата од партијата, наводите за заплашувања гласачи, медиумска пристрасност во полза на владејачките партии и загриженоста на ЕК околу точноста на Избирачкиот список. Дополнително, тој ја истакна потребата за истрага на содржината на објавените разговори, вклучувајќи ги и тие поврзани со изборна измама. Сето ова е јасно прецизирано и во попладневното соопштение испратено од Европската комисија. Во телефонскиот разговор, еврокомесарот Хан најави изјава за понеделник, во која и лично ќе ги потврди денешните констатации наведени во писмената изјава на Европската комисија. Од особено значење е што Европската комисија потврди дека на 10 јуни во Брисел ќе се одлучува за организирање влада што ќе ги подготви изборите.“

На средбата во резиденцијата на Европската унија во скопско Пржино, која се одржа на 2 јуни, беше договорено да се спроведат предвремени избори во април 2016 година.

Следната средба на која требаше да се договорат деталите околу тоа кој ќе ги организира изборите во тој период, кој Хан го нарече „транзициски“, треба да се договара во среда.

По изјавата на еврокомесарот во Вашингтон дека „изборите во Македонија биле главно добри со мали недостатоци“, Заев ги прекина преговорите, но по телефонскиот разговор со посредникот во решавањето на политичката криза, даде можност, сепак, да отпатува во Брисел.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...