Лоренс Оер: Преговорите за излез од кризата да продолжат во ист формат

-

Ние го поддржуваме комесарот Хан и истакнуваме дека преговорите треба да продолжат во ист формат за да се даде можност да се најде консензус за политичката криза во Македонија, изјави амбасадорката на Франција во Македонија, Лоренс Оер. Ова е прва реакција од меѓународната заедница по неуспешните преговори вчера во Брисел.

Таа, на денешната конференција на помирување, организирана од Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово, рече дека треба да се продолжи со реформите во насока за организирање, за да има што подобри избори кои се предвидени за наредната година.

– Преговорите вчера завршија многу доцна и беа како продолжение на договорот што беше постигнат на 2 јуни. Јас уште еднаш ќе го искажам моето мислење дека алтернативата што ја предложи комесарот Хан треба да се подржи, со тоа што политичкиот дијалог помеѓу четворицата лидери во Македонија треба да продолжи додека не се најде компромис – изјави амбасадорката Оер.

Европската унија има побарано од Македонија да исполни неколку критериуми што се однесуваат на последните настани во државата за да се изнајде легална разврска на последните случувања, додаде амбасадорката на Франција.

Тројца повредени во пресметка со ножеви на улицата Џон Кенеди во Чаир, меѓу нив 14-годишно момче

Вистинска драма се одвиваше попладнево на улицата Џон Кенеди во скопската општина Чаир, во близина на маркетот „Веро“, каде што дојде до физичка пресметка со ножеви меѓу три лица, од кои...

Уредниците на Јунајтед Медиа со апел до меѓународната јавност по ненадејната смена на раководството

Вработените во Јунајтед Груп синоќа биле известени преку корпоративно писмо дека основачот на компанијата и претседател на Советодавниот одбор, Драган Шолак, како и извршната директорка Викторија Боклаг, се разрешени од своите...

Кривична постапка против скопјанец кој пијан предизвикал сообраќајна несреќа во Кисела Вода

Основното јавно обвинителство Скопје отвори кривична постапка против 32-годишен жител на Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Загрозување на безбедноста на сообраќајот“ согласно член 297 став 1 од Кривичниот...

Трамп му се закани на иранскиот лидер, побара „безусловна капитулација“

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот упати жестоки закани до иранскиот врховен лидер Али Хамнеи, велејќи дека е „лесна мета“ и дека „трпението на САД се истрошува“, притоа барајќи од Техеран...

Тројца повредени во пресметка со ножеви на улицата Џон Кенеди во Чаир, меѓу нив 14-годишно момче

Вистинска драма се одвиваше попладнево на улицата Џон Кенеди во скопската општина Чаир, во близина на маркетот „Веро“, каде што дојде до физичка пресметка со ножеви меѓу три лица,...