fbpx

Расправа за името, знамето, химната и за грбот, побараа Ахмети, Касами и Села од новата влада

-

Претставници на албанските политички партии во Македонија, ДУИ, Беса и Алијансата за Албанците, денеска ја промовираа „Заедничката платформа на албанските парламентарни партии во Македонија“ за, како што се наведува, „реализација во идниот владин мандат и/или во секој понатамошен мандат“.

Платформата се состои од седум главни точки во кои, меѓу другото, се наведени и следните предлози, односно цели:

  • Албанците да се сметаат како државотворна нација;
  • Употреба на албанскиот јазик во сите нивоа на власта;
  • Уставот на РМ да утврди дека „македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија“;
  • Сеопфатна дебата за знамето, химната и за државниот грб со  цел „државните симболи да ја рефлектираат општествената мултиетничност и етничката рамноправност“;
  • Усвојување на резолуција во Собранието на Република Македонија со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот 1912-1956;
  • Формирање државна комисија за финансирање на општините, за донесување одлуки со право за владини грантови во корист на општините;
  • Правична застапеност во органите за безбедност, војската, разузнавањето и правдата;
  • Правична застапеност во сите нивоа на централната власт, како и во јавните служби или претпријатија со јавни акции;
  • Целосно расчистување на прашањата и судските постапки како „Сопот“, „Бродец“, „Монструм“ и „Куманово“ преку една анкетна комисија или меѓународен независен орган;
  • Решавање на спорот за името, во согласност со европските вредности и принципите на меѓународното право;
  • Усвојување заедничка и обврзувачка резолуција во Собранието на Република Македонија со која Владата на Република Македонија се обврзува активно да се вклучи во решавањето на спорот за името;
  • Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Грција;
  • Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Бугарија;
  • Соработка со Косово и со Албанија за интегрирано гранично управување;
  • Отворање на нови гранични премини;
  • Исполнувањето на овие цели ќе се следи преку организирање тркалезна маса на албанските парламентарни партии  во согласност со принципот на ротација, која ќе служи како платформа за усогласување на политичкото дејствување и транспарентна комуникација со меѓународните партнери на Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...