fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Вајгл да ги демантира или да се извини за политичките манипулации

-

Европратеникот Иво Вајгл или нешто не разбрал или свесно се става на страна аболираниот криминалец Зоран Заев и на неговите сценаристи со пласирање лаги и измислици, доколку воопшто дал таква изјава каква што е објавена, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Вајгл дека лидерот на партијата Никола Груевски, ќе оди до крај, бидејќи не сака да оди во затвор.

„Најостро демантираме дека претседателот Никола Груевски дал изјава каква што Иво Вајгл пренесува преку медиумите. Со ваквите малициозни дезинформации, доколку воопшто ги дал Иво Вајгл, тој, служејќи на нечии интереси, само долева масло на огнот во актуелната политичка криза, наместо јавно да ја осуди тиранската платформа и мешањето на соседни држави во внатрешните работи на Република Македонија“, се вели во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека главниот акцент на разговорите со Вајгл и со другите европретставници бил ставен на неопходноста од нови предвремени парламентарни избори како најдобар начин за излез од актуелната криза.

„Очекуваме европратеникот Вајгл или да се огради од невистините и да ги демантира како негова изјава доколку не ги кажал, или да се извини за политичките манипулации со кои ја доведува јавноста во заблуда заради остварување на нечии агенди“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За една година, бројот на случаи на морбили во светот речиси се удвоил

Бројот на случаи на мали сипаници ширум светот речиси се удвоил од 2022 до 2023 година, покажува ново истражување, што претставува предизвик за напорите за елиминација во многу земји,...